1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

МАНУ избра шест нови членови

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) вчера го одржа своето седумнаесетто изборно собрание на кое беа избрани нови редовни членови и членови надвор од работниот состав.

default

Шест лица се избрани за редовни членови на МАНУ - проф. д-р Ѓорѓи Поп-Атанасов во Одделение за лингвистика и литературна наука, проф. д-р Абдулменаф Беџети во Одделение за општествени науки, проф. д-р Нада Поп-Јорданова во Одделение за медицински науки и м-р Газанфер Бајрам, Богомил Ѓузел и Глигор Чемерски во Одделение за уметност.

За членови надвор од работен состав се избрани - проф. д-р Кшиштов Вроцлавски и проф. д-р Илија Чашуле во Одделение за лингвистика и литературна наука, академик Момир Ѓуровиќ и проф. д-р Екмеледин Ихсаноглу во Одделение за општествени науки, проф. д-р Ендрју Дворк, проф. д-р Љубиша Ракиќ и проф. д-р Феликс Унгер во Одделение за медицински науки, проф. д-р Јирген Куртц и проф. д-р Симеон Ока во Одделение за технички науки и Владимир Величковиќ и Љубомир Левчев во Одделение за уметност.

Во определените рокови, како што информира МАНУ, поднесени се 40 предлози за избор на редовни членови и 12 предлози за избор на членови надвор од работниот состав.

Од вкупно 40 членови на МАНУ во работниот состав, на седницата присуствувале 38 членови.