Манипулирани УЕФА натпревари? | Теми | DW | 03.12.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Манипулирани УЕФА натпревари?

Нов скандал во европскиот фудбал - 187 дена пред почетокот на Европското фудбалско првенство во Австрија и Швајцарија, УЕФА на Европол му доставила листа со натпревари за кои постои сомневање дека биле наместени.

default

Под сомневање за измама се наоѓаат најмалку 15 натпревари во Источна Европа. За кои натпревари точно станува збор, УЕФА не сакаше да даде детали, но во секој случај меѓу сомнителните не се квалификационите натпревари за Европското правенство во 2008 година, соопштија организаторите. Шефот на организациониот комитет на Европското првенство, Мартин Кален, непосредно пред извлекувањето на групите за првенството, во врска со манипулациите, изјави: “Тоа го дознавме денеска. Претходно не знаевме ништо и изненадени сме. Сега сето тоа ќе го анализираме и ќе дадеме извештај.“

Разјаснување до крај

Според претседателот на Германскиот фудбалски сојуз, Тео Цванцигер, важно е обвинувањата и сомневањата докрај да се расчистат: “Решавачки е како ќе се постапи. Ако работите се претставуваат помали отколку што навистина се и ако се‘ се турка под килим, ќе биде полошо отколку кога отворено и транспаранетно би се рекло - дојдени сме до ситуација во која истражните органи ги замоливме да ги испитаат наводите подетално. Тоа е важно, според мое мислење, и за јавноста. Фановите забележуваат дека сојузите не се впуштаат во манипулации, туку дека дејствуваат консеквентно. Затоа, на работите воопшто не гледам толку драматично.“ Неделникот “Шпигел“ пишува дека под сомневање се 26 натпревари, од кои 12 квалификациони натпревари за купот на УЕФА, три квалификациони средби за Лигата на шампиони, две средби од купот на УЕФА и осум натпревари од Интер-тото купот. претседателот на УЕФА, МИшел Платини, затоа се заложи за основање европска фудбалска полиција. Наредната година УЕФА и ЕУ ќе одржат конференција за корупцијата и перењето пари во фудбалот.