1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Маневски: Одлуката за Вранишковски има политичка содржина

Македонскиот министер за правда Михајло Маневски-пресудата на Апелацискиот суд од Софија за неизрачување на расчинетиот владика на МПЦ, Јован Вранишковски, спротивна на Европската конвенција за екстрадиција.

default

Македонскиот министер за правда Михајло Маневски

Решението на софискиот суд има претежно политичка, а не правна содржина, поради базирањето врз изјави на наводни сведоци за околности кои немаат врска со пресудата на Основниот суд во Велес, со која Вранишковски е осуден на две и пол години затвор поради финансиска проневера на 250 илјади евра, смета Маневски. Според него, одлуката на Апелацискиот суд од Софија не е во согласност со преземените меѓународни обврски за регионална и меѓународна соработка за спречување на криминалот и корупцијата и доследно почитување на меѓународните норми.

Mazedonien Kirche KLiment Ohridsk in Skopje

Софискиот Апелациски суд вчера (04.01.2011) го одби барањето на македонските власти за екстрадиција на расчинетиот владика на МПЦ, Јован Вранишковски.

Тој беше приведен во ноември минатата година од бугарската полиција на граничниот премин Калотина, на границата со Србија, врз основа на меѓународната потерница што ја издаде ИНТЕРПОЛ, по барање на македонските судски власти. Апелацискиот суд одлучувал по жалбата на Вранишковски против решението на Софискиот окружен суд за негова екстрадиција во Македонија. Апелацискиот суд во Софија ја укина и забраната на Вранишковски да ја напушти Бугарија, како и мерката домашен притвор. Решението на судот во Софија е конечно.

Автор: ЖА/СН/миа

Редактор: Жана Ацеска