1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Манастирот Зрзе - комплекс со големо културно значење

Македонското министерство за култура оддели дел од средствата потребни за археолошките истражувања во комплексот околу монашките ќелии во манастирот Зрзе во близина на Прилеп.

default

Во близина на Прилеп се наоѓа манастирски комплекс со големо историско значење

Комплексот, што има големо историско и културно значење, зошто важи за седиште на епископот хераклејски Климент и на монашкотот братство, е на 25 километри од Прилеп.

Прилепските археолози ги отворија монашките ќелии во манастирот Зрзе. Единаесет целини со околу 30 објекти на испоснички ќелии и јами потврдуваат дека монаштвото во овој манастир било органзиирано паралелно со Свети Климентовото и Наумовото, што значи дека е еден век постаро од Свето Горското. Манастирот Зрзе е изграден во 14 век, го продолжува монашкиот живот и е седиште на владиката Климент.