1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Мал пад на германскиот извоз

Германскиот извоз во изминатата година ненадејно опадна за 0,2 проценти во однос на претходната година. Суфицитот во извозот меѓутоа сепак достигна рекорден износ.

Германскиот извоз во изминатата година нанадејно се намали за 0,2 проценти во споредба со претходната година, соопшти Заводот за статистика во Визбаден. Ова е првиот минус на годишно ниво по кризната 2009 година. Вкупно во 2013 година од Германија била извезена стока во вредност од 1.094 милијарди евра. Увозот исто така за намали за 1,2 проценти на 895 милијарди евра.

Поради ова извозниот суфицит се искачи на рекордно ниво од 198,9 милијарди евра. Во претходната година салдото изнесуваше 189,8 милијарди евра. „Тоа е највисоката вредност откако се води статистичка евиденција за надворешната трговија“, велат експертите. Досегашното рекордно ниво на извозен суфицит беше постигнато во 2007 гоидна и изнесуваше 195,3 милијарди евра.

Истовремно извозот од Германија во декември минатата година забележа негативен тренд. Според податоците на Заводот за статистика извозот во споредеба со претходниот месец опаднал за 0.9 проценти.