1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Мал, но значаен чекор за признавањето на МПЦ

Македонска делегација учествуваше на Европскиот екуменски совор во Сибиу.

default

Сибиу

Мал, но значаен чекор за признавањето на Mакедонската православна црква - вака поглаварот Господин Господин Стефан го коментира учеството на МПЦ на Европскиот екуменски собор што се одржа во романскиот град Сибиу.

Добро е да бидеме таму каде што се сите, вели архиепископот на МПЦ за црковниот собор замислен како средба на западот и истокот. „Тоа е добро за Македонската црква, бидејќи ни треба и искуство, ни требаат контакти, ни треба дружење со тие луѓе и секако она што е актуелно меѓу сите цркви меѓу сите христијански цркви треба да го знае Македонската православна црква, а и да им каже што е ново, што се случува, како живее Македонската православна црква. И сметам дека присуството на овогодишната конференција во Романија е добро за Македонската православна црква.“

Македонската црква во Романија ја претставуваше двочлена делегација. Нивното учество според познавачите на овдешните црковни случувања го излобирало Европската комисија и покрај противењето на Српската и на Грчката црква. Тоа покажува дека освен за овие две кои не ја признаваат, МПЦ е реалност за остантите христијански цркви велат аналитичарите.

Поглаварот вели дека годинешниов сецрковен собор под мотото „Христовата вера не осветлува сите“ надеж за обединување на Европа не е прв на кој учествува и Македонската црква.„На таква конференција учествувал тогаш како професор блажино покојниот архиепископ Михаил на конференцијата во Најроби, потоа и професорот Таковски учествувал на конференцијата во Шанбези а оваа година беше поканет професорот д-р Ѓоко Ѓорѓевски и учествуваше на конференцијата организирана од светскиот сојуз на црквите.“

Македонската црква почна силна црковна дипломатија за да си обезбеди рамноправна позиција во православието. Признавањето го кочат Српската и Грчката црква кои и бараат промена на името за на МПЦ да и биде призната автокефалноста. Посредништво во спорот најавија романската и руската црква а МПЦ испрати делегација да лобира и во Цариград кај Вселенскиот патријах Вртоломеј.