1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Мал, но значаен македонски придонес за холивудскиот сјај

Филмското студио за визуелни ефекти и анимација ФХ 3Х од Скопје стана познато во светската филмска индустрија по работата на оскаровецот „Авијатичар“ на режисерот Мартин Скорсезе, со Леонардo ди Каприо во главната улога.

default

Кристијан Даниловски

Во кругот на старата скопска касарна од времето на екс-југо армијата, во еден од петте воени магацини, сместено е студиото, современо архитектонски и внатрешно уредено, во кое се кријат тајните и авторите на идниот холивудски Оскар. „По филмот ’Авијатичар’, нашето студио за визуелни ефекти стана дел и од фестивалските спектакли, јас бев номиниран за европскиот Оскар, а неколку години сме дел од тимовите на светскиот режисер Лукас“, вели за ДВ Кристијан Даниловски, еден од сопствениците и креативни директори на ова студио, кое ги собира инвентивните компјутерџии.

Трпеливо градење на имиџот

Даниловски, со својот партнер Миливој Ѓорѓевиќ, пред 15-тина

FX3X Ltd.

Производ на Филмското студио за визуелни ефекти и анимација

години стартуваа како млади ентузијасти, кои навлегуваа во новиот тренд на филмска анимација. Тие трпеливо го градат имиџот на мобилно и респектирано филмско студио, што е дел од големата холивудска компанија на познатиот режисер Џорџ Лукас. Македонската екипа беше дел од новите филмски и телевизиски спектакли, како ТВ серијата „Патот до 11 септември“, за што Даниловски беше номиниран за наградата „Еми“, како и филмот „Златен компас“ со Оскар за анимација.

Во Скопје се креирани и дел од кадрите на спектаклот „Терминатор 4“. „Благодарение на нарачките од Холивуд ние тројно го зголемивме креативниот состав и исто толку ни порасна обемот на работа и приходите што ни овозможува да ги следиме и набавуваме најновите применливи технологии во ИТ системите. Почнавме да работиме и во ’Три Де’ технологија и сега сме меѓу дваесетината студија во светот кои се избрани од холивудската индустрија да ги осмислуваме кадрите од филмските спектакли“, вели Даниловски.

Студијата имаат најсовремена аудио-визуелна опрема во кои досега се вложени неколку милиони евра, сопствен капитал. „Не би рекол дека Скопје е филмски град, во оваа индустрија сега се работи за медија центри што меѓусебе се во постојана креативна релација и ние нашите вработени ги испраќаме преку ’бара’ да се интегрираат во системите на тимска работа, да се едуцираат и сите по правило се враќаат“.

Нашата креација е наш патриотизам

Мишко и Кристи, како се нарекуваат партнерите, создаваат клима на колективна креација. Тие самите се дел од успешната урбана приказна на Скопје, собирајќи околу себе една плејада на

FX3X Ltd.

Производ на Филмското студио за визуелни ефекти и анимација

ноншалантни, бушави и талентирани аниматори кои за кадар од две секунди од филмскиот спектакал на големиот екран, знаат да потрошат и по два-три месеци. „Во Македонија има доволно креативни сили кои треба да се селектираат, едуцираат и да им се дозволи да бидат мотивирани. Наша голема ставка се тренинзите и усовршувањата во светските центри на визуелни ефекти, но и самите станавме место за едуцирање на партнери од странство“, зборува Кристијан Даниловски.

Тој и Миливој Ѓорѓевиќ почнуваат со подготовка на 4 филмски студија, најсовремено опремени, што ќе бидат без конкуренција во македонскиот медиумски простор и најверојатно ќе започнат и со сопствена продукција, а размислуваат и за авторство на целовечерен анимиран филм. Не го откриваат насловот на новиот холивудски блокбастер со кого, за својата анимација, притаено и конечно го очекуваат својот Оскар. „Ние сами си го креираме својот прогрес, немаме време да чекаме некого, тука ни е извонредно и намаме причина да се селиме во Холивуд“, кажа Даниловски. Неговиот партнер Ѓорѓевиќ потврдува „Во Скопје е најдобро да се живее и работи. Ако сакавме да заминеме во САД тоа ќе го направевме на 23 годишна возраст, кога не открија експертите од Холивуд и кога ни ги отворија студијата таму. Нашиот патриотизам е нашата креација, и од Македонија можеш да бидеш дел од светските филмски центри“, велат Мишко и Кристијан.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Александра Трајковска