1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Мал број заболени, големи предрасуди

Со седум нови случаи од кои шест Хив- позитивни и еден заболен, Македонија и на овогодинешниот Меѓународен ден на борба против сидата се смета за земја со ниска преваленција.

default

Со последните случаи, вкупниот број изнесува 119 заразени луѓе, од кои 94 се заболени од сида. Новорегистрираните се од Скопје, станува збор за мажи на возраст од 23 до 49 години. Годинава е регистриран еден смртен случај. Националниот координатор за борба против сидата, доктор Милена Стевановиќ во разговорот за Дојче Веле објаснува.

„Се држиме до националната стратегија до 2011 која се базира на едукативно- превентивни активности меѓу младите и ризичните групи.“

Борбата против оваа болест се води на терен со кампања за поголема превенција. Доктор Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравство вели:

„Теренско возило од министерството за здравство покриено со еден советувач од невладиниот сектор и 4 лаборанти од микробиологија и вирусологија се постојани патници во тоа возило. Тие функционираат низ државата. Целта е да го доближиме сервисот до заболените и тестираните, како и до целото население кое сака да се тестира.“

Македонија не може да се гордее со третманот

Во три од седумте нови случаи станува збор за хомосексуалци, останатите се заразиле со вирусот по хетеросексуален пат. Сите се антиретровирусна терапија. Ако Македонија може да се пофали со релативно мал број на хив-сида случаи секако не може да се гордее со третманот на овие луѓе. Конзервативното македонско општество нема разбирање за нивната судбина. Тие се етикетирани,

Symbolbild Welt Aids Tag Globus und rote Schleife

Македонија, споредено во светски рамки, има мал број хив-сида случаи, но нивниот третман не е за пофалба

изолирани, принудени да го кријат својот идентитет и да живеат повлечено од јавноста.

„Како што велат старите - стравот лозјето го чува, јас немам право ни смелост да мотивирам некој од моите пациенти да направи нешто за што не е подготвен, како што е да мотивирам да го открие својот статут. Тоа ќе го направат кога ќе го почувствуваат вистинскиот момент за тоав односно кога ќе се почувствуваат безбедни“, објаснува доктор Стевановиќ.

Лекарите не сакаат да манипулираат со можната бројка на неоткриени хив случаи.

„Факт е дека Македонија е прилично конзервативна средина, иако има многу карактеристики кои ја воведуваат во висок ризик од инфекција.“

Во Македонија се‘ уште постојат предрасуди за сидата

Иако е на пониско ниво од западните земји според степенот на присутност на сидата, загрижувачки се трендовите и слободното однесување на младите кои и покрај сите кампањи недоволно водат грижа за сексуално преносливите болести. Според едно од последните истражувања спроведено во македонските училишта, сексуални односи имале 34% од машките и 5% од девојчињата на 15 години. При последниот сексуален однос, кондом употребиле 81% од машките и 65% од женските ученици.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска