1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Малцинствата се обединуваат против Асад

Досега вештачки меѓусебно конфронтираните малцинства во Сирија се обединуваат против режимот на Асад. Со мудро лидерство, овој принуден сојуз може да стане долгорочна придобивка за иднината.

Сирија е разнолика земја. Во земјата која лежи на границата меѓу арапскиот и турскиот културен простор, со векови наназад се населувале најразлични етнички групи. Најголем број од нејзините граѓани се приврзеници на исламот, религија која ги обединува, но истовремено и разделува, бидејќи и исламот е повеќеслоен.

Големо мнозинство од Сиријците се сунити. Една десетина, меѓу нив и владејачкото семејство Асад, им припаѓаат на шиитските алавити. Кон тоа се вбројуваат други исламски, или од исламот произлезени конфесии: друзи, исмаилити, алевити и други шиитки групи. Тие заедно сочинуваат околу седум проценти од населението. Покрај муслиманите, во земјата има и христијани. И тие се една мешана група: грчко-православни и сириско-православни, маронити, мелкити, ерменско-апостолски, сириско-католички и грчко-католички христијани, кон тоа и членовите на Калдејската црква. Тие заедно сочинуваат 15 проценти од 21-милионска Сирија.

Karte Syrien Englisch

Сирија- шаренолика земја

Покрај религиозните, во земјата има и етнички малцинства: Курди, Туркмени, Черкези, Арамејци и Асиријци. Во изминатите децении во земјата дојдоа и околу 600 илјади палестински и ирачки бегалци.

Конфесионален соживот

Сирија, иако не е место кадешто различните групи се мешаат во една културна нација од нов тип, не е ниту зовриен лонец кој се заканува да претече поради етничко-културниот притисок. Долго време различните малцинства немале позначајни проблеми ни меѓусебе, ниту со сунитското мнозинство, вели сирискиот писател Рафик Шами кој повеќе од 40 години живее во Германија.

Границите кои ги делеле Сиријците минувале по други линии, а не по религиозните и културните. Населението се делело пред се’ врз основа на гео и социографските фактори: селско контра градско население, жители од планините контра оние од пустината, или пак крајбрежјето. Сирија долго време била шаренолик биотоп.

Истовремено, сите групи имале свои центри: за алавитите тоа биле планините Нусајри, како и градовите Хомс и Хама. Исмаилитите живеат традиционално во планините по должина на морскиот брег, додека грчко-правосланите и католичките христијани за живеалишта ги преферирале Дамаск, Латакиа и блиските крајбрежни региони. Курдите главно се населени во планините Таурус, а по должина на сириско-турската граница како и во „Хај ал Акрад“- курдскиот кварт во Дамаск.

Конкурентни идентитети

Модерна Сирија настана во времето на европскиот колонијализам. Додека големиот регион „Балад ал Шамс“ по османлиско владеење ги опфаќал териториите на денешните држави Израел, Либан, Сирија и палестинските области, Британците и Французите од 1918. година го расцепкале регионот на делови, од кои настанале денешните држави. Во тоа време културните и пред се’ религиозни поделби почнале да се наметнуваат во дотогаш мирниот соживот на етничките групи.

Syrien Assad Opposition Binish

Сите малцинства вклучени во протестите

Франција за својата локална армија, т.н "Troupes Speciales du Levant", регрутирала пред се’ припадници на религиозните малцинства. Сосема свесно Французите спроведувале тактика на спротиставување на малцинствата со мнозинството сунити. Оваа стратегија поединечни етнички групи да се насочуваат едни против други ја преземал по неговиот пуч во 1970. година и тогашниот претседател Хафез ал-Асад, таткото на сегашниот претседател Башар ал-Асад.

„Асад“, објаснува писателот Рафик Шами, „ делел благодети и функции пред се’ на лица кои му биле лојални и на оние кои и‘ припаѓале на неговата религиозна група алавити“. На овој начин тој создал конфесионален режим каков што Сиријците претходно не познавале. Истовремено, семејството Асад приврзувало кон себе и припадници на другите шиитски групи, па дури и сунитски бизнисмени.

Привилегиите кои тие ги добиле преку оваа врска, многумина од нив ги тераше на почетокот на бунтот да застанат на страната на режимот на Асад. „Многу сунити станаа богати на сметка на останатото население. Затоа тие се на страната на Асад. И тие ќе ја прекинат нивната врска со него само ако таа стане полоша“.

Обединети преку непријателството кон Асад

Меѓутоа, бидејќи многу Сиријци ја знаат само автократската страна на режимот, во движењето на отпорот има припадници на бројни етнички и религиозни групи, објаснува Ферхад Ахма, член на Сирискиот национален совет: „ Сосема независно од нивната етничка и религиозна припадност , најголем дел од Сиријците посакуваат демократски промени“. Тоа меѓутоа не значи дека тие по долгогодишното свесно поттикнувана етничка и религиозна конкуренција, ја надминале нивната меѓусебна недоверба и недовербата пред се’ кон сунитското мнозинство. „Малцинствата опстојуваат на тоа нивните права во идната Сирија да бидат јасно дефинирани. Тие се со право загрижени за тоа, зашто гледаат дека во некои соседни земји како Ирак или Турција, односно со помалубројните етнички и религиозни групи е се’ друго освен оптимален“, истакнува Ферхад Ахма.

Меѓутоа и многу алавити се уплашени, зашто не сите го поддржуваат режимот на Асад, објаснува Рафик Шами. Затоа тие не треба колективно да се обвинуваат и да се принудуваат јавно да се дистанцираат од владата.

Syrien Baschar Hafiz al-Assad in Frankreich

Претседателот Башар ал-Асад

Ферхад Асмах вели дека сите етнички и религиозни групи се вклучуваат во отпорот против Асад. Се разбира има и грижи за иднината. Меѓуто сириската опозиција е на добар пат да ги реши проблемите: „Уште сега се водат преговори меѓу претставници на малцинствата за да се изготват јасни концепти и тези и улогата на малцинствата и нивните права да биде зацртана во Уставот, а не само во обични закони, се’ со цел во иднина да постои некаква гаранција и за нив“.

Кланот Асад во голема мера придонесе за тоа сириските етнички и религиозни групи да се конфронтираат меѓусебе. Сега овие групи, преку заедничкото непријателство кон режимот, повторно се зближија. Во моментов тие се привремени сојузници. Една мудра политика би можела да се погрижи тие да останат сојузници на долг рок.