1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Малта – Косово статус

*

Министерот за надворешни работи на Малта Мајкл Франдо изјави дека не верува оти неговата земја би можела да признае еднострано прогласување независност на Косово без резолуција на Советот за безбедност на ОН. Тоа би имало долгорочни последици бидејќи би се поддржала независност на дел од територијата на една суверена земја без нејзина согласност, посочи Франдо. Ова е прв пат Малта како членка на ЕУ да изрази противење кон независноста на Косово. Со тоа Малта се стави во редот земји како Шпанија, Грција, Романија, Кипар и Словачка.