1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Малта блокираше брод со бегалци

Малта денеска блокираше пристап до своја територија на танкер, кој претходно преземал бегалци од пред брегот на Либија. Бегалците се наоѓаат во меѓународни води и се на безбедно.

Со употреба на воени бродови Малта спречи пристигнување на брод со 102 бегалци на прстаништето на островската држава во Средоземното Море. Беглаците во товарниот брод, кој плови под либериско знаме биле безбедни и се наоѓале во меѓународни води, ја образложија својата постапка властите на Малта.

Товарниот брод ги пронашол и прифатил бегалците, кои пловеле со несигурен брод пред брегот на Либија. Медиумите на Малта информираат дека танкерот првично бил одбиен од италијанска страна. Тој имал упатство да се упати кон либиско пристаниште, но товарниот брод потоа заземал курс кон брегот на Малта. Бидејќи биле игнорирани насоките и бегалците веќе биле на сигурно Малта забранила пристап до своја територија. Сличен случај во 2009 година предизвика дипломатски спор меѓу Валета и Рим.

Властите на Малта денеска (05.08.) соопштија дека во неделата во земјата пристигнал брод со повеќе од 100 бегалци. Властите во Валета не соопштија од каде доаѓаат овие беглаци. Дел од нив биле згрижени во болниците.

Бегалците од Африка кои пристигнуваат во земјите на ЕУ во Средоземното Море ги ставаат овие држави пред големи предизвици. Според меѓународните договори бегалци на брод во принцип би морале да бидат прифатени во најблиската земја.