1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Мало зголемување на невработеноста во Германија

Бројот на невработени во Германија во јануари првпат по десет месеци надмина 3 милиони, но експертите тоа го образложуваат со намалената стопанска активност во текот на зимата.

Во јануари во Германија е забележано зголемување на бројот на невработени за 263 илјади, на вкупно 3 милиони и 136 илјади лица, што е меѓутоа за 2 илјади помалку од претходниот јануари. Како што денеска во Нирнберг соопшти Сојузната аганција за труд, стапката на невработеност во однос на декември минатата година е зголемена за 0,6 проценти и сега изнесува 7,3 насто.

Со тоа бројот на невработени во Греманија првпат по десет месеци е над нивото од 3 милиони. Експертите ова го објаснуваат со вообичаеното влијание на временските услови врз бројот не невработените. Дури, со оглед на благата зима, забележан е помал пораст на невработеноста од очекуваниот. Вкупно земено, во текот на следниот период се очекува повторен раст на вработувањата, па дури и економијата да расте и посилно од очекуваното.

Се‘ укажува на тоа дека ниската невработеност и малата инфлација ја погодуваат потрошувачката, а расположението во стопанството се подобрува, истакнува Холгер Штанде од финансискиот концерн „Нордеа“. Според него, ниту турбуленциите во земјите во засилен стопански развој нема многу да ја погодат германската економија.

„За Германија е поважно она што се случува во еврозоната, а тука постојат знаци на опоравување“, вели Штаде.