1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Малото оружје е вистинското оружје за масовно уништување„

Малото оружје во светот годишно убива стотици илјади луѓе. За генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан, малото оружје е “вистинското оружје за масовно уништување„. На конференцијата во Њујорк што започнува денеска, Обединетите нации имаат намера да се води дебата за тоа како светот да се одбрани од илегалното мало оружје:

Намуртениот Болтон е против!

Намуртениот Болтон е против!

600 милиони мало и лесно оружје, од пиштоли до машински пушки, ја зголемуваат несигурноста во светот. Од неброени конфликти во светот гинат 300 илјади луѓе.

„Најчесто сме загрижени за оружјето за масовно уништување, но најголемото убивање, дали во Дарфур или Конго, се случува со мало оружје„, изјави Кофи Анан пред почетокот на конференцијата на Обединетите нацвии за малото оружје на која треба да биде направен биланс за реализацијата на акционата програма усвена пред пет години.

Меѓународен, иако необврзувачки документ, насочен пред се против шверцот и трговијата со оружје, зашто се чини тој пазар е неисцрпен. Оружје се краде во голем стил, исчезнува од воените логори, по завршувањето на конфликтите останува без контрола или илегално се произведува. Ова мора да се спречи во тоа мораат да помогнат земјите членки на ОН, вели Анан:

„Легитимно е Обединетите нации како орган на суверени држави да се грижат за луѓето и нивната безбедност и да направат нешто против малото оружје, нешто што ќе донесе ред на овој план„.

Анан со ова реагира на спортивствувањата од САД. Не само од влијателното лоби за оружје, предводено од Националната асоцијација за оружје, која има намера да демонстрира во Њујорк, туку и американската влада е против плановите на ОН за засилена контрола која, според амбасадорот на САД Џон Болтон е во спротивност со американскиот устав:

„Илегалната трговија со оружје е нешто што може да запали конфликти, но одговорното користење на оружјето е легитимен дел на националниот живот„.

Годишно 200 илјади луѓе, пред се во индустриските змеји, гинат од мало оружје од убиства или самоубиства. Затоа градови како Њујорк барат засилена контрола на оружјето. Но, не и Џон Болтон кој пред почетокот на двонеделната конференција, добил илјадници писма што ја поддржувале неговата линија:

„Пораката е јасна. Ако постои агенда со која ќе се дискутира за контрола на оружјето во САД, ова не е вистинското место за тоа„.

Кофи Анан се обиде да ги ублажи разликите за јасно да го постави фокусот на конференцијата:

„Ние не сме за тоа да им го одземеме оружјето на Американците. Задачата е да се спречи тоа да не доаѓа во погрешни раце во граѓанските војни во целиот свет„.