1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Малку фудбал пред супер-дербито

Четири натпревари од 30. коло во Бундеслигата се на програмата денеска (10.04). Но без оглед на можните возбудувања, тие важат само за увертира пред „мечот на годината“.

Всушност целокупното 30. коло во фудбалското првенство на Германија , кое се игра среде недела, ќе биде во целосна сенка на дуелот меѓу бранителот на титулата и лидер на табелата Борусија Дортмунд и второпласираниот тим и „вечен“ фаворит во Бунделигата - Бајерн од Минхен.

Еуфоријата пред утрешниот натпревар во „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд германските медиуми веќе ја споредуваат со онаа пред „Ел Класико“ т.е дербито меѓу Реал Мадрид и Барселона во шпанското фудбалско првенство.

Поради тоа, останатите натпревари во колото кои се играат денеска и утре и кои во себе имаат голем потенцијал за возбудувања, ќе мора да се задоволат со второкласно внимание.

Денеска, на пример, може да се говори за одлучувачки битки за борбата за опстанок во дуелите Аугсбург-Штутгарт, Херта-Фрајбург, Мајнц-Келн. Вердер Бремен и Борусија Менхенгладбах пак, во меѓусебниот дуел ќе се обидат да си обезбедат подобра позиција за трката за пласман во еврокуповите, во финишот на сезоната.

Утре на програмата освен дербито Борусија (Д) - Бајерн Минхен се дуелите: Бајер Леверкузен-Кајзерслаутерн, Хановер-Волфсбург, Хофенхајм-Хамбургер, Нинберг-Шалке.