1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Малку поинаков огномет

„Фабиката за уметнички огномет“ во Аугсбург произведува специјални ракети за огномет, многу поразлични од оние кои можат да се најдат во продавниците. Ракетите се изработуваат рачно и се наменети за посебни прослави.

default

За новогодишните прослави се подготвуваат спектакуларни огномети

Петер Зауер, шефот на фабриката за огномет, рачно ја полни ракетата со топчињата кои може да експлодираат, но тој работи внимателно. Неговото семејство произведува ракети за огномет од 1863 година. Рачната изработка на ракетите речиси не е променета во изминатите 150 години. Зауер објаснува какви материјали става во ракетата за огномет, со форма на топка:

„На ѕидот од топката ставаме еден слој светлечки ѕвезди, во случајов тоа се ѕвезди кои ја менуваат бојата, најпрво се со златна боја. Овој огномет се нарекува светулка. По една секунда златните ѕвезди стануваат црвени. Тоа се таканаречени црвени светулки. Во центарот на смесата во оваа полутопка ставаме и ѕвезди кои трепкаат.“

Огномет за големи манифестации

Feuerwerk und Böller für Silvester

Фабриката во Аугсбург произведува мали количества ракети за трговијата на мало

При производството на ракети во „фабриката за уметнички огномет“ само еднаш дошло до мала експлозија. Поради безбедноста на шесте вработени во фабриката, секоја етапа од производството на ракетите се одвива во посебна зграда.

За секоја боја за огнометот има посебен рецепт. Боите во прав ги меша еден од вработените во посебна просторија. Зауер произведува само мали количества ракети за огномет наменети за трговијата на мало. Неговите производи во најголем дел се наменети за големи манифестации и фестивали.

„Во оваа просторија се изработуваат ракети за големи огномети, кои се произведуваат во помалку примероци, но сите се различни. Таквите ракети за огномет можат да се произведат исклучиво мануелно, само со рачна работа“, објаснува Зауер.

Новогодишниот огномет е посебен предизвик

Feuerwerk in Hong Kong

Големите огномети се вистински предизвик за вработените во фабриката во Аугсбург

Сите вработени во фабриката за огномет во Аугсбург деновиве беа ангажирани околу изработката на ракети за големиот новогодишен огномет. Годишно имаат околу 150 такви нарачки.

Во завршниот чекор при изработката, кога прави различни комбинации, Нели Смирњи ги следи упатствата од шефот, кога треба да се активира секоја од вткупно 500 ракети, а таа сама може да направи избор од бои и ефекти

Петер Зауер на компјутер го прави планот за огнометите наречени хризантеми. Нивната цена се движи од 1.500 до 10.000 евра. Со програмата за музика тој прави точна пресметка, во која секунда ќе се активира секоја од ракетите. Исто така тој редовно мора да тестира дали функционираат ракетите. За него тоа е професија од соништата.

Автор: Андреа Беме/ Јасна Мушиќ Јанчулева

Редактор: Трајче Тосев