1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Малку доверба во Матео Ренци

По Сенатот и Претставничкиот дом на италијанскиот парламент синоќа (25.02) и изгласа доверба на владатa на Матео Ренци. Но медиумите, граѓаните па дури и партиски колеги на Ренци остануваат скептични кон новиот премиер

„Субито“ односно „веднаш“ е еден од најомилените зборови на Матео Ренци. Новиот италијански премиер, со само 39 години, најмлад во историјата на својата земја, посакува реформи. И тоа „субито“. Вети по една реформа месечно и радикален пресврт.

Како има намера да го оствари тоа изгледа ни самиот не знае, бидејќи парламентарното мнозинство го заснова на истите оние коалициски партнери, како и неговиот претходник Енрико Лета, кого пред неколку дена го истурка од премиерската функција. На партнерите воопшто не им се допаѓа „експресното темпо“ на доскорешниот градоначалник на Фиренца. Во спротивно одамна ќе ја прифатеа реформата на изборниот законик, која Матео Ренци сака прва да ја спроведе, или пак сериозно ќе се зафатеа со реконструкцијата на јавната управа и кратењето на пренадуваниот бирократски апарат. За Италија тоа би бил пресврт.

Кабинетот недораснат на предизвиците?

Италијанските медиуми се скептични и го критикуваат недостигот на политичко искуство на членовите на владиниот кабинет: „Сѐ на плеќите на Ренци“, пишува „Кориере дела Сера“. А весникот „Ла Стампа“ исто така изразува сомневање дека оваа влада ќе биде во состојба да ја извлече земјата од најтешката економска криза по Втората Светска Војна. И многу граѓани се прашуваат што навистина ќе се промени во споредба со периодот, кога премиерската функција ја извршуваше Енрико Лета, со оглед дека Матео Ренци е веќе трет премиер кому мандатот не му го дале избирачите туку претседателот на државата. Тој меѓутоа самоуверено најавува дека ќе остане премиер до крајот на мандатот на неговата влада.

Италијанците сакаат нови избори

Анкетите меѓутоа покажуваат дека Италијанците би сакале наесен да се одржат нови избори. И не само тие. И во редовите на Демократската партија (ПД) на Ренци можат да се чујат бројни критики. „Се надевавме дека Ренци би можел да ја поведе партијата до победа. Но, за тоа се потребни избори“, вели за ДВ еден партиски колега на Ренци. Поранешниот политички „сопатник“ на Матео Ренци, парламентарецот Пипи Чивати од Монца стравува дека партијата ќе заврти во десно и на новиот премиер му префрла дека својата политичка програма ја прилагодил на желбите на десниот табор.

„Најмногу на новиот премиер му се радува Силвио Берлускони“, порачува Чивати и тврди: „Ренци е таму каде што е затоа што му посакуваат политички да изгори“. Берлускони навистина би можел да шпекулира на тоа дека Матео Ренци во наредните месеци ќе се „истроши“, бидејќи проблемите со кои е соочена Италија се огромни, а ниту енергичниот политичар од Фиренца, кој сака брзи решенија, нема волшебно стапче. Ако работите навистина се одвиваат така, тогаш неговата ѕвезда би згаснала уште пред наредните избори.

Ренци под голем притисок

Иако Берлускони е правосилно осуден и принуден да се повлече од пратеничкото место во Сенатот на Италија, тој и натаму ги влече конците во италијанската политика. Тој и неговите следбеници од Ренци бараат реформи, кои тие самите сите тие години додека беа на власт не ги спроведоа. Ренци ќе може да се оддржи на власт само ако бргу биде во можност да се пофали со некакви успеси во реформите кои ги најавува.

Но, за да се случи тоа потребна му е поддршка од другите партии. Меѓутоа тој во истовреме нема поддршка во парламентот од силното движење „5 ѕвезди“ на поранешниот комичар Бепе Грило. Дотолку повеќе Грило веќе го „нагрди“ новиот премиер со коментарот дека и тој е дел од кастата против која се бори. Така на Ренци не му преостанува ништо друго одсвен да се потпре на истите коалициски партнери како и неговиот претходник Лета или диру и да се обиде во своите планови да ја вклучи партијата на Берлускони, Форца Италија. Во секој случај, раководењето со земјата во вакви околности, упатува на невозможна мисија, но времето ќе покаже дали Ренци бргу ќе се „истроши“ или Италија навистина ќе тргне по нов пат.