1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Мали: Мисија со непознат рок

Колку долго ќе останат меѓународните војници во Мали? На ова прашање денес никој не може да одговори, изјави германскиот министер за одбрана Томас де Мезие за берлинскиот „Тагесшпигел ам Зонтаг“.

„Никој денес не може да каже дали мисијата во Мали ќе трае една, две или три години и какви предизвици ќе донесе по неколку години. Би сакале Мали трајно да биде под контролата на тамошното државно раководство“, изјави германскиот министер Де Мезие. За таа цел, според него, треба да бидат обучени и зајакнати малиските безбедносни сили. Тоа е лекција научена од ангажманот во Авганистан, каде доцна започна обуката на домашните безбедносни сили, дополнува министреот.

На прашањето - дали германските војници во немирната афиканска земја ќе посегнуваат по оружје, министерот е дециден:

„Вооружен ангажман не е воопшто предвиден во рамките на оваа ЕУ-мисија. Тоа е правилно, зашто странските воени ангажмани од населението можат да бидат сметани за окупација“, што исто така е лекција од Авганистан.

Германија ја проширува поддршката на ЕУ-мисијата во Мали

Во мисијата во западноафриканската кризна земја учествуваат 16 држави од ЕУ, како и Норвешка. Германската влада планира испраќање 40 инструктори за обука на армијата на Мали.

„Германија дополнително, откако никоја друга членка не покажа подготвеност, вети дека ќе испрати и 40 војници-санитарци. Лекарите и санитарците ќе отворат теренска болница“.

Мисијата на ЕУ за обука на малиските воени сили треба официјално да стартува на 12 февруари. Германија и Франција се земјите кои притоа го носат главниот товар. Германија, освен тоа, ја поддржува француската воена интервенција со трансал-транспортни авиони.

На 11 јануари француските и малиските воени сили започнаа борбена офанзива против исламистите и сеператистичките Туарези во северниот дел од Мали. Во акција се околу 4 илјади француски војници. Наскоро нив треба да ги заменат трупите на Западноафриканската државна заедница ЕКОВАС.

Масовна гробница во Тимбукту

Околу две недели откако француските и малиските војници ги протераа исламистичките борци од Тимбукту, таму беше откриена масовна гробница. Како што јавува мавританска новинска агенција, три од пронајдените тела биле арапски трговци, уапсени од малиските војници. Организациите за човекови права во последно време ја сомничат и обвинуваат малиската армија за противправно убивање на Туарези и Арапи. Активистите за човекови права бараат од владата во Бамако да преземе соодветни мерки.