1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Малите акционери критикуваат, на менаџерите не им фали “влакно од глава“

Јирген Шремп, шеф на автомобилскиот концерн ДајмлерКрајслер, доби од Надзорниот одбор продолжение на договорот до 2008-ма година, но мораше со часови да слуша тешки зборови на негова адреса и барања да поднесе оставка, упатени од малите акционери. Многумина на крајот при гласањето не им дадоа поддршка на Управниот и на Надзорниот одбор. Дури и еден од големите акционери – "Дека Фондс Гезелшафт" им се придружи во тоа настапувајќи отворено против шефот на Управниот одбор Јирген Шремп и Претседателот на Надзорниот одбор Хилмар Копер.

“Ние полагаме врз сигналното дејство и тоа овде е многу силно примено на знаење; даваме видлив сигнал дека сме активни и на менаџментот му порачуваме дека веќе нема да гласаме во смисла на ставовите на управата, ако имаме причина за незадоволство од неа” – рече Михаел Шнајдер, менаџер на "Дека", друштво на фондовите со акции на германските штедилници.

Чекорот на "Дека" посебно ги израдува заштитниците на акционерите: “Тоа покажува дека расте притисокот врз ’мрежата на старите момци‘ и врз договарањата меѓу Управниот и Надзорниот одбор” – оцени Јерг Плута од Германското здружение за заштита на поседот на хартии од вредност. Додека тој се надева на подобра акционерска култура во Германија, акционерите се скептични:

“Бизниз ес јужл, вообичаена работа. На Шремп сепак ќе му биде продолжен договорот и се знае дека наредната година повторно мора да смета на малку критика”.

И навистина, Надзорниот одбор се покажа неимпресиониран од слабиот деловен резултат. Непосредно по завршувањето на Главното собрание на акционерите, му беше продолжен договорот на Шремп за наредните 4 години. Претходно уште поостро критикуваниот Надзорен одбор го потврди и Хилмар Копер, поранешен шеф на Дојче Банк, на функцијата претседател на тоа тело до 2007-ма година.