1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Малиот аниматор освојува награди

Мидас Кемпке, иако има само 11 години, пишува сценарија и работи на специјални ефекти за цртани филмови. Инспирација за тоа наоѓа во секаде, па и во играњето пинг-понг.

Мидас има 11 години и си го сака својот од лего-коцки направен свет на Хари Потер. Но, тој не му служи само за игра, туку снима и анимирани филмови.

„Мрачни времиња настапија во светот на волшебникот. Министерството за волшебништво станува се’ послабо“, 11-годишен филмски аниматор Мидас Кемпке почнува да го раскажува дејствието во еден од неговите анимирани филмови.

„Дејството во најголем дел самиот го измислувам, а потоа го пишувам во сценариото. Порано не го правев тоа, но во меѓувреме стана поважно, оти сега повеќе работам со специјални ефекти“, додава Кемпке.

Експлозии, оган, чад, се’ што е потребно за малку акција - тоа го има во неговите филмови. Мидас има сопствен канал на Јутјуб и неодамна му беше доделена германската мултимедијална награда за деца и млади.

Screenshot Youtube - Harry Potter und der Legostein der Weisen Teil II

Мидас своите анимации ги објавува на ЈуТјуб

„Мојот прв лаптоп го добив на петгодишна возраст, а првиот компјутер ми го подарија кога имав десет години“, раскажува 11-годишното момче.

Неговите родители се вчудовидени од талентот на нивниот син.

„Не правиме никаква драма, не можеме да споредуваме, оти Мидас ни е единствено дете. Се’ примаме како што е, одговараме на неговите прашања, кои можеби понекогаш малку не‘ вчудовидуваат, но...“, вели мајката прекината од зборувањето на таткото:

„Ако можеме да најдеме одговор.“

„Ако воопшто можеме да одговориме“, вели мајката на Мидас.

Второ хоби на Мидас е играње пинг-понг. И, во некој момент му дојде до рака една плејмобил-играчка.

„Тогаш си помислив дека би било прекрасно играчка да се вгради во вистинскиот живот и да се направи филм за пинг-понг“, вели Мидас.

Screenshot Youtube - Harry Potter und der Legostein der Weisen Teil II

За анимираните филмови Мидас неодамна доби германска мултимедијална награда за деца и млади

Во дневната соба Мидас со фотоапарат снима филм. Изгледа како да е многу лесно.

„Значи, прво се прави снимка од една фигура, потоа таа - фигурата, малку се поместува, па пак се прави снимка... Потоа тие снимки со програма за монтажа се редат една по друга и ако се прикажуваат брзо, приближно седум снимки во секунда, така правам јас, тогаш движењата изгледаат течно“, вели младиот аниматор.

Школските пријатели од гимназијата се најголемите фанови на Мидас. Овде секој го знае малиот филмски аниматор.

„Ова го сметам за креативно, оти не секое момче на наша возраст воопшто би дошло на идеја и би правело вакво нешто“, вели Николај Блехшмит, соученик на Мидас.

„И јас сметам дека е чудесно што на оваа возраст веќе може да прави толку добри видеа“, додава Фридерике Шик, соученичка на Мидас

Во неговиот последен филм учествува и Мидас. Се разбира, на крајот тој ја совладува фигурата од играчките. Јасно, во неговото сценарио никој не му се меша.