1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Малики нуди посредство за дијалог меѓу САД и Иран

Ирачкиот премиер Нури Ал Малики кој е во посета на Токио изјави дека е подготвен да биде посредник за директен дијалог меѓу Иран и САД. Конфронтацијата меѓу Вашингтон и Техеран негативно се одразува врз ситуацијата во Ирак, објасни Малики, додавајќи дека во мај во Египет ќе се одржи меѓународна средба за стабилизација на Ирак на ниво на министри за надворешни работи и тој е подготвен таму да посредува за директна средба меѓу иранските и американските претставници.

Инаку денеска во нова експлозија на подметната бомба во ирачкиот град Магдидија загинаа 14 лица, а во нападот се ранети уште 23 лица.