1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Малевски за „Дојче Веле„ мали шанси за договор за компромис за името

*

Актуелната политичка ситуација во Македонија и Грција не ветува дека бргу може да се очекува решение на проблемот со уставното име на Република Македонија, вели во интервју за Дојче Веле професорот Денко Малевски, поранешен македонски амбасадор во ОН. Тој смета дека раскараните политички структури во Македонија тешко би постигнале заеднички став за некаков компромис по ова прашање. Истовремено и грчката страна брза бидејќи стравува од можна компликација на ситуацијата по признавањето на уставното име од страна на Канада и влезот на Македонија во НАТО. Малевски смета дека двете страни не треба да очекуваат решение од посредникот на ОН Метју Нимиц.