1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Мала земја - голема култура - мала публика

Со изложбата „Уметникот во разговор - со кого разговара македонскиот уметник“ во четвртокот вечер во Хамбург започнаа првите денови на македонската култура во Германија. Манифестацијата која ќе се одвива до средината на наредниот месец во Хамбург и Берлин опфаќа и два концерта на групата Синтезис, тетарски претстави и прикажување на пет долгометражни филма. На стартот во Хамбург разочарувачка беше мал

Bо Хамбург на стартот на Деновите на македонската култура во Германија - разочарувачки малубројна публика

Bо Хамбург на стартот на Деновите на македонската култура во Германија - разочарувачки малубројна публика

�та посетеност!

Некогашната фабрика за метални бродски делови Кампнагел, која последниве петнаесеттина години е дел од културната сцена на Хамбургм, од четвртокот е прв домакин на Деновите на македонската култура во Германија. Манифестацијата која е отворена со изложбата на творештвото на триесетината млади уметници од Македонија немаше особено среќен старт каков што доликува на презентацијата на една национална култура во Германија. Без претставници на политичката и културната елита на земјата-домакин и во присуство на едвај дваесетина гости отворањето од страна на организторот, досиноќешниот министер на култура на Македонија Благоја Стефановски, беше во најмала рака тажно! Иако идејата е амбициозна, како и во Канада, Австралија,Русија, Италија, САД и во Германија да се презентира македонската култура, несомнено поголем ефект би се постигнал доколку стартот беше во престолчнината - Берлин, каде македонската уметничка сцена веќе има своја публика. Вака првичната слика е: мала земја - голема култура - мала публика...Сепак за значењето на Деновите пред малубројните посетители кусо говиореше министерот Стефановски кој меѓу другото за нашата програма истакна дека е значајно Македонија да се претстави пред големите култури, особено онаму каде живеат Македонци. Во изминативе четири години културата на земјата е претставен во повеќе држави во светот и Германија е земја каде Македонија треба да инсистира да се претстави, пред се заради тоа што станува збор за автентична мулти културна земја која и до сега вложувала во културата на Македонија.

И амбасдаорот на Македонија во Гермнанија Горги Филипов, ги поздрави гостите и се осврна на програмата и врската која ја создаваат културните амбасадори на Македионија. Покрај уметниците кои изложуваат во Кампнагел, два концерта ќе има и групата Синтезис - на 8 септември во Берлин и на 9 ти во Хамбург. Во програмата на Деновите се и неколку изведби на тетаската претстава „Тимон од Атина“ која ќе ја изведат Народниот театар од Битола, Турскиот театар од Скопје и театарот од Фиренца во Хамбург и Берлин.

Во четвртиот блок културно претставување ќе бидат прикажани петте најуспешни македонски филмови создадени во последниве 12 години: „Пред дождот“ на Милчо Манчевски, „Големата вода“ на Иво Трајков, „Контакт„ на Сертегеј Станојкоски, „Бал кан кан“ на Дарко Митревски и „Како лош сон“ на Антонио Митриќевски - истакна Филипов.

Низ творештвото на македонските уметници коио излагаат во „Кампнагел“ малубројната публика ја воведе кураторот Небојша Вилиќ. Инаку, централните манифестации на Деновите на македонската култура во Германија се предвидени за Денот на државноста 8 септември кога во Хамбург ќе се отвори почесниот македонски конзулат, а во берлинската Пасион Кирхе концерт ќе оддржи групата Синтезис.