1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Малата криза се надмина, големата и натаму постои

Британските војници заробени пред речиси две недели во Иран се ослободени, но конфронтацијата меѓу Иран и Западниот свет околу атомската енергија на земјата останува. Британскиот премиер Тони Блер вчера, по враќањето на маринците во Лондон рече дека немало никакви договори и преговори со иранскиот режим и побара поцврст настап на меѓународната заедница.

Тони Блер во Лондон

Тони Блер во Лондон

15 те британски маринци по речиси две недели минати како заробени во Иран се ослободени и вчера се вратија во Велика Британија. Премиерот Тони Блер по нивното враќање побара да се зголеми меѓународниот притисок врз Иран. Блер истовремено нагласи дека ослободувањето се случило без каков и да е договор или спогодба.

Од иранска страна пак се вели дека Велика Британија наводно се извининила поради повреда на границата од страна на војниците. Иран ја постигна целта околу кризата со 15 маринци, рече Али Акбар Велајати, советник на револуционерниот водач Ајатолахот Али Каменеи. Британскиот премиер го демантираше ова.

Враќаењето на 15 те Британци во татковината беше засенето со бомбашки напад врз британските трупи во Ирак, при што животот го загубија четворица војници. Додека сме среќи за враќањето на војнциите, истовремено жалиме за оние кои се убиени при терористички напад во Басра рече Блер во Лондон.

Индиеректно Блер наведе дека постојат елементи на иранскиот режим кои се соодговрони за бомбашкиот напад во јужно ирачкиот пристанишен град „Посотојат елементи во иранскиот режим кои го финансираат, вооружуваат и подржуваат тероризмот во Ирак.“ рече Блер

Британскиот премиер нагласи и дека Меѓународната заедница мора да остане постојана и цврста во однос на иранската атомска програма „Како и да е меѓународната заедница мора да остане апсолутно постојана, за остварувањето на сопствената воља сеедно дали станува збор за нуклеарното оружје или за поддрршката што дел од ирански режим е насочен за поддршка на тероризмот особено кога тој е насочен кон демократските влади.“ нагласи Блер

Според набљудувачите во САД и во Иран, водстовото во Техеран реагира само на понуди за разговор, а не на притисок од надвор. Портпаролот на министерството за надворешни работи Шон Меккормак исклучи билатерални преговоти со Иран околу атомската програма, но за почетокот на мај се најавуваат директни преговори на шефот на американската дипломатија Кондолиза Рајс со ирнското раководстово за решавање на ирачкиот проблем.