1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Малала префрлена на лечење во Велика Британија

Пакистанското девојче Малала Јусуфзаи, која беше застрелана во главата од талибанците, поради нејзината кампања за право на образование на девојчињата во Пакистан, е префрлена во Велика Британија за медицински третман.

„Пакистан заедно со Обединетите Арапски Емирати организираше авион со специјална медицинска опрема за да ја пренесе Малала во Велика Британија“, информираше протпарол на војската. Во авионот кој полета од Исламабад имаше и армиски доктор од одделот за интензивна нега. На 14-годишното девојче му е потребна подолготрајна специјалистичка нега за целосно физичко и психичко опоравување. Таа беше нападната во училишен автобус минатиот вторник.

Пукањето врз Малала наиде на жестока осуда како во странство, така и во Пакистан. Властите во земјата рекоа дека ќе сторат се’ што е можно за да се осигура лечењето на Малала, а притоа го платија нејзиниот медицински третман и понудија награда од 100.000 евра за фаќање на напаѓачите.

Активистите за човекови права сметаат дека можеби нападот врз девојчето ќе биде знак за поддржувачите на талибанците дека треба да си ја променат својата одлука. Спротивно на тоа, експертите и аналитичарите се сомневаат дека ќе има значајна промена во земјата во која радикалниот исламизам добива поддршка со децении.