1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Малала во посета на семејството Обама

Американскиот претседател Барак Обама и сопругата Мишел ја примија пакистанската активистка за правата на децата, Малала Јусафзаи и го пофалија нејзиниот ангажман.

На средбата на 16-годишната Малала, која важеше за фаворит за добивање на Нобеловата награда за мир, со брачниот пар Обама, присуствувала и постарата ќерка на американскиот претседател, 15-годишната Малиа. Малала на „инспирирачки и страствен начин се залага за правата на девојчињата во Пакистан“, била пофалбата за пакистанската ученичка од брачниот пар Обама.

САД се приклучува кон пакистанскиот народ и многу други, кои ја поддржуваат храброста и одлучноста на Малала, барајќи право на образование за сите девојчиња, соопшти Белата куќа.

Малала пред една година беше цел на напад на талибанците, при што беше сериозно ранета. Таа беше пренесена на лекување во Велика Британија, каде оттогаш живее со семејството. Ученичката во четвртокот беше наградена со реномираната награда Сахаров за човекови права, што ја доделува Европскиот парламент.