1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

„Макeдонија и Црна Гора имаат заедничка иднина “

Претседателите на Македонија и на Црна Гора, Ѓорге Иванов и Филип Вујановиќ порачаа дека целта на двете земји е членство во ЕУ и во НАТО.

default

Претседателите на Македонија и на Црна Гора Ѓорге Иванов и Филип Вујановиќ

Макeдонија и Црна Гора немаат отворени прашања, имаат заедничко минато, но и заедничка иднина, констатираа претседателите на двете земји Ѓорге Иванов и Филип Вујановиќ по денешната (16.03.2012) средба во Скопје.

Двете држави, како што посочија, имаат стратешка цел да бидат членки на Европската унија и НАТО.

„ И најдолгиот пат почнува со првиот чекор. Македонија веќе тргна на патот кон ЕУ, не стоиме во место и тоа е позитивно. Можеме да разменуваме искуства, затоа што ние ги имаме искуствата од Словенија и Хрватска“, рече Иванов и додаде дека Македонија и Црна Гора заемно ќе си помагаат затоа што тоа е во интерес за целиот регион.

Gorge Ivanov und Filip Vujanovic

Претседателите на Македонија и на Црна Гора Ѓорге Иванов и Филип Вујановиќ

Македонија, како што посочи Иванов, веќе го прави првиот чекор, а тоа го прави и Црна Гора и се очекува во јуни да почнат преговори за членство. „Битно е да се почне, а потоа со секој исчекор се приближувате до целта. Го имаме искуството од другите земји и тоа ќе ни биде од корист побргу да завршиме. Точен датум никогашне може да се даде во денешните услови во кои живееме“, истакна Иванов.

Црна Гора, како што рече Вујановиќ,очекува во јуни да добие можност за датум за преговори за членство во ЕУ и дека земјата вредно работи на тоа поле. Во однос на членството во НАТО, тој нагласи дека Црна Гора ги има исполнето сите услови за членство во Алијансата и оти од Самитот во Чикаго треба да се очекуваат позитивни сигнали за двете земји.

На средбата станало збор и за економска соработка, која како што рече Иванов, според статистиката е добра, минатата година Македонија имаше извоз во Црна Гора од 34 милиони, а увоз два милиони долари.

Автор:СН/ЖА/миа

Редактор: Ж. Ацеска