1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Максимо лидерот“ конечно се повлече од политиката

Еден од последните социјалистички државници во светот, претсдателот на Куба, Фидел Кастро, се повлече од функцијата шеф на државата и врховен командант. Неговото повлекување од политиката е заради здравствени причини

default

Фидел Кастро

Фидел се разболе пред 18 месеци и тогаш му ја препушти власта на братот Раул. Максимо лидерот, како што го нарекуваат, цел живот беше борец и бунтовник. Најпрвин против неговиот татко, сопственик на плантажа кој ги експлоатирал работниците. Потоа против диктаторот Батиста, кој ја експлоатираше целата земја. И конечно, со децении, против САД и ЦИА, кои повеќепати сакаа да го ликвидираат и да го урнат неговиот режим. Но Фидел Кастро преживеа се. „Татковина или смрт, ќе победиме“ Фидел Кастро, бесмртен. Со само 113 лесно вооружени бунтовници во 1953 година ја освои втората по големина армиска касарна на диктатурата и преживеа. Тешки загуби во 1958 година кратко по инвазијата на Куба. Со само 20 приврзеници тој ја започна герилската борба против диктаторот Батиста, и преживеа. Огромен број обиди за атентати. Според официјални информации, 600. Кастро преживеа. Тоа го поттикна на размислување:„Бидејќи немаа среќа и не успеаа во тоа, сега на големо ме прогласуваат за тешко болен или за мртов. Сега имам вистински проблем. Кога еден ден навистина ќе бидам мртов никој нема да поверува„ Социјалистичка и демократска револуција Фидел Кастро, духовитиот шармер. Човекот кој жените го сакаа, мажите го следеа. Барем сиромашните Кубанци. Богатите по револуцијата избегаа во САД. Најдоцна во 1961 година, кога антифашистичката револуција тој ја прогласи за социјалистичка: „Ова е една социјалистичка и демократска револуција на обичните луѓе за обичните луѓе. Ние сме подготвени да ги дадеме животите за социјалистичката револуција. Работниците и селаните, мажите и жените се колнат дека се подготвени да ја бранат до последна капка крв.“ Фидел Кастро од богат син на земјопоседник, стана комунистички водач. Четири децении подоцна тој остана да владее како последен диносаурус на ваквиот режим, додека источниот блок замина во историјата. Човек со голема моќ Човекот кој досега најдолго во светот ја извршуваше функцијата претседател, за време на неговото владеење, доживеа смена на десет претседатели на САД. САД останаа негов најголем непријател но истовремено и негов главен изговор. Заканите од северниот сосед и децениското американско ембарго, според него беа главните причини за слабата економија, недостатокот на електрична енергија, сиромаштијата. Неговите противници мораа да се соочат со големи затворски казни. Максимо лидерот не ги толерираше оние кои мислеа поинаку. Фидел Кастро, човекот со голема моќ, на својот народ му овозможи здравствена заштита, основни прехранбени продукти и описменување, но исто така угнетување, самоволие, туторство и пароли.