1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Македонци ја преживеале катастрофата на „Италијанскиот Титаник“

Тричлено семејство од Македонија е меѓу преживеаните на бродот „Коста Конкордија“ што вчера заринка во близина на италијанскиот брег. Семејството безбедно се врати во Македонија, јавуваат повеќе македонски медиуми.

default

Се‘ уште околу 40 патници се водат за исчезнати

Македонското семејство кое го преживеа бродоломот на италијанскиот луксузен брод денеска беше вратено во Македонија со посредство на македонската амбасада во Рим.

Спасено уште едно лице од бродот „Коста Конкордија“

Во меѓувреме спасувачките екипи денеска го извадија третото лице од внатрешноста на насуканиот брод „Коста Конкордија“. Спасениот е Италијанецот Марико Џампетрони, дел од екипажот на „Коста Конкордија“.

Kapitän der Costa Concordia festgenommen

Уапсен капетанот на бродот

Тој е хоспитализиран поради скршеница на ногата. Претходно, портпаролот на италијанската противпожарна служба Лука Кари изјави дека синоќа е извлечен јужнокорејски брачен пар од внатрешноста на насуканиот брод.

Досега е потврдена смртта на три лица, агенциите во меѓувреме јавија дека се откриени уште две тела, а 17 се водат како изчезнати.

Кривично обвинение против капетанот на бродот

Капетанот на луксузниот италијански брод „Коста Конкордија“, кој во петокот вечерта се насука неколку стотини метри од брегот на западна Италија, Франческо Скетини е приведен од полицијата, а италијанското Обвинителство почна истрага по обвинение за небрежност, причинување штети и убиство без умисла. Ако се докаже дека капетанот е виновен може да биде осуден на 10 години затвор. Капетанот и првиот офицер Чиро Амброзио се обвинети за убиство, причинување штети и напуштање на бродот.

Italian rescue workers search the Costa Concordia cruise ship after it ran aground off the west coast of Italy at Giglio island January 15, 2012. Teams were painstakingly checking thousands of rooms on the cruise ship for nearly 40 people still missing, more than a day after the huge vessel foundered and keeled over with more than 4,000 on board, killing at least three people and injuring 70. REUTERS/ Remo Casilli (ITALY - Tags: DISASTER MARITIME TPX IMAGES OF THE DAY)

Непознати причините за несреќата на бродот

Се‘ уште се испитуваат причините за бродската несреќа, но се претпоставува дека најверојатно се работи за човечка грешка или за дефект во електронскиот систем, кој ги дава параметрите на курсот на бродот. Црните кутии од бродот се пронајдени и се предадени на судските органи.

Патниците го обвинуваат екипажот и персоналот на бродот, кој првенствено бил составен од Азијци, за непрофесионализам.

Автор: ЖА/ макфакс/ миа/ дв

Редактор: Александра Трајковска