1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонци со бугарско срце

Во Македонија живеат неколку илјади Бугари. Нивните оценки за статусот во македонското општество се неповолни. Но, тие не се сметаат за дел од отворените прашања меѓу двата соседа, ниту пак очекуваат поддршка од Софија.

default

Односи обременети со минатото

Иднината во македонско-бугарските односи е обременета со минатото и таму треба да се бара решението, сметаат Македонците со бугарски чувства кои ги анкетираше Дојче веле.

Владимир Перев и Виктор Канзуров се Скопјани од различна генерација. Уште кога биле деца расчистиле со етничката припадност. Денес 65 годишниот Перев и 30 години помладиот Канзуров се декларираат како македонски Бугари.

“Тоа е семејно наследство, но доаѓа и од читањето на историјата. Се гледа дека етничкото декларирање на славјанското население е бугарско“, вели Канзуров.

Перев објаснува:

“Нема генетски разлики. Има разлики само во образованието. Ние Македонците што сме останати денес овде на овие простори сме срцевината на бугарската нација“.

„Бугарите-дискриминирани во Македонија“

Двајцата соговорници сметаат дека за разлика од останатите малцинства, Бугарите кои живеат во Македонија се дискриминирани. Демократијата во државата е селективна, а правата на луѓето со бугарски чуства ограничени, велат тие.

Skopje Zentrum

Обвинувања за селективна демократија

“Можам да набројам многу примери на луѓе кои само поради етничката бугарска припадност биле прогонувани со измислени обвинувања“.

“Има десет српски телевизии во Македонија, нема ниту една бугарска“.

Со аргументот дека не се адвокати на бугарската држава нашите соговорници одбиваат да зборуваат за тоа како Бугарија ги третира Македонците кои живеат таму. Но од критика не ја штедат Софија кога станува збор за нивните интереси. Се жалат дека Бугарија кренала раце од Бугарите кои живеат надвор од нејзините граници.

“Бугарската држава се грижи за себе“

Денес македонско-бугарските односи се во заложништво на политичарите кои се обидуваат да профитираат на сметка на ова чувствително прашање, вели Канзуров.

“Бугарската држава се грижи за себе“.

Официјално, според последниот попис од 2002 година, во Македонија живеат околу 1 500 Бугари. Бројот на граѓани кои поседуваат бугарски пасош е неколку десетици илјади.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Жана Ацеска