1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонци во Либија очајно бараат спас

Повеќе од 30 македонски граѓани чекаат евакуација од Либија. Македонското министерство за надворешни работи презема мерки за да им обезбеди пат до татковината на своите граѓани, но нивните семејства се исплашени.

default

Вакви сцени посакуваат и македонските граѓани-на аеродромот во Франкфурт пристигнаа евакуирани германски државјани од Либија

Иван од Скопје имал среќа, се вратил со последниот лет од Триполи до Рим пред аеродромот во главниот либиски град да биде затворен. Сега на шега вели-го фатил последниот воз за да избега од земјата која е на работ на граѓанска војна и да стаса во Македонија.

Семејствата на жешка линија со МНР

Но среќата не ги послужила останатите македонски работници кои се заглавени во повеќе места во Либија. Во Бенгази на пристаништето шанса да избегаат од хаосот и безредијата чекаат повеќе од 30 градежни работници од Куманово. Меѓу нив е Дејан Јовановски. Им испратил на своите во Куманово безброј „смс“ пораки со молба за помош. Неговото семејство во Куманово е на жешка линија со одговорните во министерството за надворешни работи. Надлежните ветуваат дека сите Македонци ќе бидат евакуирани, но семејствата се загрижени.

Unruhen in Libyen Dossierbild 1

Во Либија владее хаос, тврдат очевидците

Неофицијално: Уште една група Македонци заглавена во Триполи

Министерството за надворешни работи нема точен податок за бројот на македонски државјани во Либија. Портпаролот Борче Стамов за Дојче веле изјави:

„Формирано е координативно тело со цел да ја координира евакуацијата на македонските државјани кои живеат и работат во Либија. Последните информации со кои располагаме се дека околу пладне на аеродромот во Софија пристигнале македонски граѓани кои работеле во Либија за хрватска градежна фирма“.

Според неофицијалните информации во Триполи има уште една група на македонски државјани. Нивните пријатели од Скопје во последните два дена го загубиле секој контакт со нив.

Автор: Горан Петревски

Редактор: Жана Ацеска