1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонците штедат од страв?

Паѓа прометот во продавниците и супермаркетите, трговците признаваат дека бизнисот им оди полошо. Дали падот во трговијата е реaлна последица на ослабената економска моќ на луѓето или пак психолошки страв од кризата?

default

Се премерува секој денар дури и за храната

Наместо половина килограм сувомесни производи, колку што купував минатата година, сега купувам само 200 грама неделно, вели еден средовечен господин кого го затекнавме пред локалната продавница во скопската населба Карпош. Нема прецизен одговор зошто ја смалил набавката на неделната доза на прехранбени производи во услови кога не се променети цените на производите што ја сочинуваат потрошувачката кошница ниту пак висината на просечната плата. Овој Скопјанец е дел од бројната армија граѓани кои го скусиле својот буџет наменет за набавка на основните намирници и потврда на статистиката која обелоденува пад на прометот во трговијата на мало. Дека е така не кријат ни луѓето од бизнисот, оние кои секојденевно се соочуваат со невидливата рака на пазарот.

Mazedonien Land und Leute

Сите се под притисок

Менаџерката на маркетите Тинекс, Кристина Тодоровиќ Николиќ вели дека овој синџир продавници бележи пад на прометот од 6 проценти.

“Мислам дека причината е психолошка. Сите сме под притисок и повнимателно трошиме. Не мислам дека фрижидерите на луѓето се празни“.

Која е причината за негативните движења во овој сектор побаравме одговор од економските стручњаци. Универзитетскиот професор Александар Стојков смета дека падот се должи на неколку фактори: доцнењето на исплатата на платата, лошите вести за намалениот број на вработени во индустијата, намалениот обем на одобрени потрошувачки кредити.

Вкупниот промет во трговијата на мало во 2009 е помал за 4 проценти во однос на 2008 година. Неповолни се и вкупните економски движења во првите месеци од 2010. Анализата на Стопанската комора бележи пад во сите сектори освен во производствтото на метали.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Жана Ацеска