1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Македонците - светски вицешампиони во гледање телевизија

Македонците се втори во светот по поминато време пред телевизор, покажува истражувањето на приватната германска телевизија РТЛ. Првото место во 2010 година го држи друга земја од Балканот.

default

Резултатите од истржувањето „Телевизијата во 2011 - меѓународни клучни факти“ беа објавени вчера во Келн и тие покажуваат дека гледањето телевизија во Европа е поголемо од кога и да е претходно.

Светски лидери по гледање телевизија се Србите. Тие во 2010 година поминале 316 минути во денот пред телевизор. Македонците се втори – конзумираат телевизиски содржини дури 293 минути, или нешто помалку од 5 часа во денот. Унгарците се трети, а Американците четврти. Тие гледаат телевизија само една минута помалку од Унгарците, односно 283 минути во денот.

Времето поминато со далечинскиот управувач минатата година се зголемило во 27 од 35 европски земји, покажува истражувањето на РТЛ. Британците дневно поминале 17 минути повеќе пред телевизор споредено со истражувањето во 2009 година, или вкупно 242 минути. Гледачите во Германија гледале осум минути повеќе телевизија, или 223 минути во денот, додека француските гледачи лани пред телевизор поминале седум минути повеќе од 2009 година, или 212 минути во денот.

Автор: Александар Методијев/ ЕДП

Редактор: Трајче Тосев