1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонците од Грција и Бугарија ги бараат правата во Стразбур

Претставници на партиите на македонското малцинство „Виножито“ од Грција и „ОМО Илинден-Пирин“ од Бугарија, заеднички настапуваат во Стразбур за да ги запознаат во Советот на Европа за спречувањето на нивните права

default

Стразбур- да се дознае за неправдата кон македонските малцинства

Партиите „Виножито“ и „ОМО Илинден-Пирин“ како членки на Европската Слободна Алијанса веќе неколку пати координирано настапуваат пред европските институции и посебно пред Советот на Европа за да го привлечат нивното внимание врз положбата на македонското малцинство во Грција и Бугарија.

„Пред десет, петнаесет години никој не знаеше ништо. Се знаеше само за официјална грчка позиција- дека нема малцинства на нејзина територија. Изминативе десет години го имаме добиено барем правото да признаат дека бараме права и дека постои македонско малцинство и македонски јазик во Грција“, потсетува Петрос Казиас од раководството на Виножито.

Враќање на одземените права

Покрај барањето за почитување на нивните елементарни права како национално малцинство и официјалното признавње како такво од грчката држава, членовите на „Виножито“ веќе подолго време се залагаат и за враќање на одземените права на Македонците – бегалци од граѓанската војна во Грција.

„Ние се жалиме, бидејќи шеесет години нашите луѓе не можат да дојдат во Грција, бидејќи Грција тоа не им го дозволува. Тие сега сите имаат над шеесет години, бидејќи кога бегаа беа деца. Ние ги бараме истите права за бегалците од граѓанската војна, што подразбира и враќање на грчкото државјанство.“

„ОМО Илинден Пирин“ и натаму не е регистран

Од своја страна Стојко Стојков од „ОМО Илинден Пирин“ во Стразбур дојде со цел да го привлече вниманието на Советот на Европа со проблемот на нерегистрирањето на нивната партија.

Активностите на партиите на македонското малцинство од Грција и Бугарија, беа концентрирани на средби со парламентарците од земјите членки на Советот на Европа, тие од Советот на Европа бараат:

„Да се обрати поголемо внимание на овие прашања, бидејќи неисполнувањето на пресудите на Судот од Стразбур, значи рушење на системот на правата на човекот. Ако се прифати практиката, која сака да ја иницира Република Бугарија, пресудите од Стразбур да бидат само формални и само со плаќање две до три илјади евра, тоа ќе значи дека ниту Советот на Европа, ниту Судот за Човекови права нема зошто да постојат и системот за заштита на човековите права не ќе може да функционира.“ – додава Стојков.

Да се почитуваат одлуките на судот

Во Стразбур делегацијата на „Виножито“ и „ОМО Илинден-Пирин“, имаше средба и со комесарот за човекови права Томас Хамерберг, кој по неодамнешните посети на Бугарија и Грција се ангажира за нивната положба нагласувајќи:

„Сите пресуди на Европскиот суд за правата на човекот треба да бидат почитувани и извршени во земјите кои се под неговата јурисдикција. Тоа не е прашање на избор на една влада.“

За положбата на македонското малцинство во Грција и за Македонците-бегалци од граѓанската војна се иницирани дебати и пратенички прашања за кои се уште нема одговор во Стразбур.

„ Фактот што се‘ до денес немам одговор ме зачудува малку, ако не постоеа проблеми сигурно дека ќе имав одговор. Се надевам дека проблемот ќе биде вистински поставен и дека времето кое го користат за да ми одговорат ќе биде искористено за да ги разрешат проблемите за кои зборувам во прашањето. Се надевам дека тоа ќе се случи, иако не сум убеден во тоа.“ – нагласува белгискиот пратеник Герт Ламберт, кој постави едно од тие прашања.