1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонците и Ромите од Албанија бараат поддршка од САД

Претставници на Македонците и Ромите од Албанија на средба со Рикер побараа поддршка од САД за подобрување на нивните права. Рикер истакнал дека САД ќе продолжат да помагаат во интегрирањето на Албанија во ЕУ.

Преставници на македонското и ромското малцинство во Албанија, Васил Стерјовски од Македонска алијанса за европска интерација и Арбен Костури преседател на ромското здружение „Дисутни Албанија”, оствариле средба со Филип Рикер, заменик помошник на државниот секретар на САД во рамки на Школата за млади лидери што се одржува во Охрид.

„Го запознавме Рикер со положбата на малцинствата во Албанија, тешкотиите што ги имаат околу интегрирањето во социјалниот, културниот и политичкиот живот, како и за проблемот со образованието на мајчин јазик и побаравме поддршка од САД за подобрување на правата на малцинствата во Албанија“, вели Стерјовски.

Според него, тие го нагласиле фактот дека малцинствата се лојални граѓани на Албанија и бараат што побрзо итегрирање на Албанија во Европската унија, но оти таа интеграција треба да оди паралелно со подобрувањето на правата на малцинствата.

Рикер истакнал дека САД ќе продолжат да помагаат во интегрирањето на Албанија во ЕУ, зашто ова е единствената алтернатива на Албанија, како и на земјите од регионот, и оти почитувањето на правата на малцинствата е еден од приоритетите од исполнувањето на стандартите за европската интеграција.

Стерјовски и Костури имале средба и со македонскиот претседател Ѓорге Иванов.