1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонците демантираат, во Албанија нема Бугари

Остри реакции по последната изјава на лидерот на бугарската ВМРО, кој побарал поактивна улога на бугарските државни институции во врска со Бугарите во Албанија. Македонците тврдат дека Бугари во Албанија немало и нема.

default

Тирана

Последната изјава на лидерот на бугарската ВМРО, Красимир Каракачанов дека бугарските државни инситуции треба да имаат поактивна улога во врска со Бугарите во Албанија, за да тие, на пописoт што во оваа земја ќе се спроведе наредната година, не се декларираат како Македонци или како Албаници, наиде на остри реакции меѓу Македонците во ова земја.

Ова не е првпат Бугарија да бара Бугари таму каде што ги нема, вели Васил Стерјовски, потпретседател на македонската партија и дипломиран историчар. „Бугарско малцинство во Албанија не постои. Тоа се само обиди на Бугарија, Македонците во Албанија да ги побугарчи и да

Blick auf Tirana

Тирана

ги претстави како Бугари. Нема Бугари во Албанија, кои се преселиле од Бугарија во Албанија за време на некоја војна, туку тука имаме автохтоно македонско население, коешто живее во Гора, Голо Брдо и Мала Преспа, и кое по својот јазик, култура, фолклор и обичаи не го врзува ништо со Бугарија, туку напротив ова население има ист јазик, фолклор и обичаи со Македонците од другата страна на границата, кои се наоѓаат во Ресен, Дебар и т.н.,“ вели Стерјовски.

Според Стерјовски, ползувајќи ја големата сиромаштија на жителите, посебно во подрачјето на Голо Брдо и на Гора, се спроведуваат разни пропаганди за асимилација на Македонците, а една од нив е и обидот за насилна бугаризација. „Многу научни лица од Бугарија спроведуваат проекти и пишуваат книги за Бугарите во Албанија, и во тоа се толку арогантни, така кога доаѓаат во македонските предели во Албанија се претставуваат како туристи, собираат потребни информации за Македоците во Гора, Голо Брдо и Мала Преспа, и кога си заминуваат во Бугарија објaвуваат книги каде Македонците во овие региони ги претставуваат како Бугари.“

Освен помош тие нудат и бугарски пасоши, но не наидоа на голем одѕив, вели Стерјовски, кој апелира до македонските власти да го реактивираат издaвањето македонски пасоши кои ги бараат Македоците од Албанија. „Од голема помош за Македонците во Албанија ќе биде ако Македонија им излезе во пресрет и им издаде пасоши посебно на Македонците кои живеат во Гора и Голо Брдо, бидејќи во последните неколку години Македонија нема издадно ниту еден македонски пасош. Со тоа би се задал голем удар на бугарската пропаганда во Албанија.“

Во Албанија никогаш не постоело бугарско малцинство

Тврдењата за постоење бугарско малцинство во Албанија ги отфрла и градоначалникот на Пустец и лидер на партијата на Македонците, Македонска алијанса за европска интеграција, Едмонд Темелко. Тој вели дека не постоело од никогаш, не постои, ниту ќе постои некакво

National-Museum in Tirana, Albanien

Тирана

бугарско малцинство во Албанија. Тоа е познато од самата историја, од денешните политичари, од самиот народ, граѓаните на Република Албанија, дека освен Македонци, Грци, Власи, Роми, Египѓани, Срби, Црногорци и мал број Бошњаци, нема друго малцинство на овие простори. Ова е една лажна политика, чија цел е веќе позната - нагласува Темелко. „Ваквите изјави се иритирачки за нас, бидејќи ние, нашето потекло свесни сме што сме. Ние знаеме дека сме Македонци. Нема таква информација, во Албанија нема ниту еден Бугарин, единствено вработените во амбасадата во Тирана може да се Бугари.“

Пред неколку години во Албанија формирано е друштво на Бугарите кое го носи името „Просперитет за Голо Брдо“ со седиште во Тирана со кое, како што не информираа неговите соселани раководи Аџи Пируши. Неофицијално бугарски стипендии користеле над 350 ученици и студенти, бројот на оние кои имаат и бугарски пасоши не се знае. Некои зеле за да може да заминат во некоја западно европска земја за да обезбедат егзистенција, но некои зашто се чувствувале Бугари. Поради тоа што се изјаснувале она што се, биле навредувани и од Албанците. „И на работа, секој вели, и Албанците, тој е Бугарец остај го таму“, вели жител на Голо Брдо.

На пописот кој ќе се спроведе наредната година, за првпат по шест децении, во Албанија ќе се даде можност секој слободно да ја искаже својата етничка, јазична и верска припадност. Во официјалните податоци од последниот попис спроведен во 2001 година се споменува постоење македонско, но не и бугарско малцинство, кое не се споменува ни во етнојазичните групи.

Автор: Вера Тодоровска

Редактор: Александра Трајковска