1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонците во Мала Преспа го потпишаа меморандумот за разбирање со малцинствата

Меморандумот за разбирање со малцинствата, што неодамна го подготви албанската влада, веќе го потпишаа Мaкедонците од Мала Преспа. Тие се надеваат дека со овој докумнет ќе бидат опфатени и Македоните во Гоlо Брдо и Гoра, бидејќи за првпат се добиваат одредени права што досега не ги уживале.

Албанската влада подготвениот документ од страна на министерството за надворешни работи, насловен како меморандум за разбирање со малцинствата, неодамна го дистрибуитраше до малцинските зони, односно обласите кои главно се населени со припадници на други етнички заедници. Него го потпишуваат градоначалниците кои претходно треба да добијат согласност од раководствата на здруженијата на малцинствата.

Во јужниот дел на земјата припадниците на грчкото малцинство одбиваат да го потпишат меморандумот. Свој потпис веќе ставиле оние на влашкото и ромското мналцинство. Меморандумот деновиве го потпишал и градоначалникот на Пустец, област Мала Преспа потврди за Дојче Веле, претседателот на друштвото „Преспа“Едман Темелко.

На прашањето зошто Македонците се согласиле да го потпишат меморандумот?, тој вели дека токму поради неговата цел, а тоа е поттикнување на соработката меѓу локалната и централната власт, во однос на употребата на мајчиниот јазик, негувањето на историското, културното и верското богатство на малцинствата „Овој меморандум и дава право на локалната власт, на именување на трацидионални топоними. Тоа е добро за враќање на имињата на селата.“

Што ќе биде во другите две области Голо Брдо и Гора, каде главно е концентрирано македонското население „Ние остро ќе реагираме и како заедница на Македонците во Албанија и како Македонска заедница за европска интеграција, како партија, за да се опфати и прогласи како малцинска зона, бидејќи во Албанија постои и таа определба на малцински зони. За македонска малцинска зона се смета Мала Преспа. Ние ќе инсистираме да се признае како таква, малцинска зона и Голо Брдо и Гора. Има знаци за понуда во Пешкопеја, да се потпише таму документ, а ние ќе побараме и во Кукс ист таков документ.“

Претседателот на друштвото на Македонците „Преспа“ Едман Темелко и со објаснување зошто припадниците на грчкотот малцинство не го потпишуваат меморандумот „Грчкото малцинство во Албанија, овие работи кои се нудат веќе ги има од времето на употреба на јазикот, на топоними и на одбележување на села. И во Џирокастро каде има грчко население тоа веќе функицонира од 1995 - 96 година.“

Прифаќањето на меморандумот, дециден е Темелко не значи дека тие се откажуваат од нивните други приоритетни барања. Исто како и здруженијата на другите малцинства, бараат вонреден попис на населението, во кој би имало колона каде слободно ќе може да ја искажат својата етничка и верска припадност, образование на мајчин јазик, отстапување простор на државната радио – телевизија, и соодветна застапеност во државните институции.