1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонците во Албанија сакаат пратеник во парламентот

Македонците во Албанија се подготвуваат за првиот партиски конгрес, но и за јунските парламентрани избори. Тие претендираат да освојат пратеничко место во албанското собрание.

default

Албанското собрание

Забрзана динамика на политички активности се чувствува меѓу Македонците во Албанија. Причината е избор на нови органи и тела на нивната партија, Македонска алијанса за европска интеграција, првиот партиски конгрес, којшто по неколку одлагања треба да се одржи овој месец, како и учеството на претстојните парламентарни избори. До сега вакви активности се реализирани во повеќе населени места: во сите села на Мала Преспа, Билишта, Корча. Сите организациони работи, одбори, штабови ни функционираат - вели Едмонд Темелко актуелен градоначалник на Пустец. Тој деновиве е избран за претседател на Месниот комитет на партијата за Мала Преспа. До крајот на март изборот требаше да заврши и во областите Гора и Голо Брдо, но поради лошите временски услови и непристапните патишта оваа активност ќе се реализира набрзо. Преку политичкото

Parlament in Albanien, Innenansicht

Место во парламентот во Тирана?

организирање, оценува Ефтим Митревски, еден од основачите, партијата се стреми да има што повеќе претставници во власта. Надеж им дава големиот историски успех на локалните избори, кога партијата освои градоначалничко место.

Борбата за првата на Македонците во Албанија, се надоврзува Темелко е внатре во инситуциите на системот, во рамките на законите на оваа држава. Еден пратеник, Македонец во Собранието на Република Албанија ќе ја има историската можност јавно да проговори, пред сите други останати пратеници, сите државјани на Република Албанија, пред сите меѓународни инситуции, за проблемите на Македонците во Албанија.

Нов изборен законик

Според новиот изборен законик на Албанија, земјата е поделена на 12 региони во кои ќе се избираат новите народни избраници. Помалите политички партии, однапред се осудени на неуспех. Токму поради тоа, пратениците на пет помали албански политички партии штрајкуваа со глад, но законот сепак беше изгласан по постигнатиот договор меѓу владеачките демократи и опозиционите социјалисти. Поради тоа, вели Темелко, преговараат и со демократската партија на актуелниот премиер Сали Бериша и опозиционата, социјалистичка на Еди Рама. Која од двете партии ќе им понуди пратеник, со неа ќе коалицираат.

И другите членови на партијата не ја кријат вербата дека успехот од локалните избори ќе го повторат и на парламентарните закажани за 28 јуни. Добрата организација и покажаните позитивни резултати од двегодишната работа на локалната власт на Пустец, вели Васил Стерјовски, влева уште поголем оптимизам кај членовите на партијата. На наредните избори ќе претендираат во повеќе општини во областа Гора, Голо Брдо и Мала Преспа.

Македонците бараат поголема застапеност во државните инситуции, признавање статус на малцинство на целата територија на земјата, програма на македонски јазик на државната радио телевизија, кои веруваат дека ќе ги реализираат многу побрзо преку нивниот пратеник во албанскиот парламент.

Автор: Вера Тодоровска

Редактор: Александра Трајковска