1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонците во Албанија бараат поддршка од ОБСЕ

Генералниот секретар на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) Васил Стерјовски од ОБСЕ побарал да се заложи со најавената нова територијална поделба во Албанија да не се укинуваат македонските општини.

Генералниот секретар на партијата МАЕИ, Васил Стерјовски (насловна фотографија) и Фејзо Нуманај, преставник при канцеларијата на амбасадорот на ОБСЕ во Албанија во вчеравечер (10.02.2014) во Корча остварија средба на која на маса ги поставиле и отвориле прашањата за положбата и правата на Македонците во Албанија, а посебен акцент бил ставен на образованието и новата територијалната поделба.

За време на средбата Нуманај бил запознат за положбата и правата на Македонците во Албанија, за недостатокот на учебници на македонски јазик во општина Пустец каде официјално се признава македонското малцинство во Албанија и каде од потребните 55 учебници кој што треба да се испечатени на македонски јазик испечатени се само 14, за затворањето на училиштето на македонски јазик во с.Врбник, во Деволската област и за неможноста за изучување на македонскиот јазик на македонските деца надвор од Мала Преспа како во областите Гора и Голо Брдо и во градовите, пренесува весникот Македониум.

Стерјовски и Нуманај разговарале и за новата територијална поделба за која најмногу се загрижени Македонците во Албанија.

Стерјовски пред преставникот на ОБСЕ истакнал дека евентуалното укинување на македонските општини би било грубо прекршување на малцинските права, а тоа би значело процес на асимилација на македонската заедница.

Тој побара поддршка од ОБСЕ македонските општини во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора со евентуалната територијална поделба да не се укинуваат.

Нуманај по средбата истакнал дека заклучоците од состанокот ќе му ги пренесе на амбасадорот на ОБСЕ, Флориан Раунинг и најавил дека во февруари ќе договори средба на амбасадорот и делегација од Македонците во Албанија.