1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Македонско-израелската стопанска соработка отвора нови хоризонти

Одлични политички односи и економски релации во подем. Такви се македонско-израелските односи во последниот период. Библиската земја е инспирација за македонските политичари и провокација за бизнисмените.

default

Израелската химна деновиве често пати може да се слушне во Македонија. Соработката меѓу двете земји е интензивирана. База на пријателските односи, што се’ повеќе се продлабочуваат се македонските Евреи кои биле депортирани во логорите на смртта. Почитта на меѓусебната историја е здрава основа за градење пријателски основи во сите сфери, сметаат дипломатите. „Политичките односи меѓу

Flagge Fahne Israel Wind Fahnenstange Symbolbild

Македонија и Израел се многу добри. Ги развивме изминативе неколку години и би сакале во непосредна иднина да ја прошириме економската соработка меѓу двете земји. Тоа е најголем приоритет“, вели Давид Коен, амбасадорот на Израел во Македонија.

За македонските политичари Израел е инспирација. Пратеникот Павле Трајанов не ги крие импресиите од престојот во оваа земја.

Формиран бизнис клуб

За постигнување на главната цел, унапредување на економската соработка е формиран израелско-македонски бизнис клуб. Во него членуваат триесетина македонски компании, кои работат со Израел или имаат израелски капитал во сопственичката структура. Идејата за формирање вакво здружение е стара една деценија. Стопанствениците трагаат по бизнис интерес. „Нас ни преостанува економските односи да ги продлабочиме до блискост што ја има меѓу двата народа и да ги доведеме на она ниво на кое се политичките релации“, рече Ѓорѓи Јанчевски, претседател на

Skopje Hauptstadt Mazedoniens

надзорниот одбор на клубот.

Меѓусебната трговска размена е мала по обем, едвај неколку милиони евра со дефицит на македонска страна. Трасирана е соработка во градежништвото, земјоделството, ИТ секторот и одбраната. За Македонија е примамлив обемот на трговска размена на Израел со ЕУ од 38 милијарди долари. Тука македонските компании гледаат шанса за заеднички настап на европскиот пазар. Израелските бизнисмени пак се ипресионирани од можностите за инвестирање во Македонија. Особено атрактивни за нив се земјоделско-прехранбениот сектор, како и управувањето со водни ресурси.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Александра Трајковска