1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Македонско доближување до светската кинематографија

„Продолжи да гледаш“ е мотото под кое се одржува триесет и вториот по ред фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ деновиве во Битола. Учесниците со позитивни оценки за фестивалот.

default

Битола домаќин на светските кинематографи

До утре публиката ќе продолжи да ги гледа најдобрите филмски остварувања, од кои најголемиот дел добија филмски вреднувања на фестивалите во Берлин, Кан, Карлови Вари и Венеција. Седумдесет и пет филмски остварувања во осум категории се содржините од кои жири комисијата, предводена од лауреатот, Данте Спиноти, треба да го одбери најдоброто. Подготвен е да го направи ова, рече Спиноти, извкикувајќи: „Вива Македонија“, Македонија која тој ја чуствува блиска.

„Се чуствувам овде многу познато, бидејќи сум роден не многу далеку оттука. Гледам нешта од мојата земја, затоа сум среќен што сум овде. Квалитетот на Фестивалот е на многу високо ниво, работата на жирито ќе биде многу напорна и затоа сум љубопитен да ги видам филмовите“, рече Спиноти.

Илире Винча и Тристан Халилај, се меѓу најмладите актери, кои први и‘ се преставија на публиката со филмот на Џошуа Марстон, „Крвта што простува“.

„Прв пат сум во Македонија. Многу сум почестена и среќна што сум тука. Луѓето и атмосферата, се‘ е совршено. За улогата многу се подготвував на тој начин што бевме во многу семејства кои се во крвна одмазда. Од нив учев како да го изградам мојот карактер во филмот“, истакнува младата актерка.

„Супер си поминувам. Фестивалот е супер и многу ми е мило што им се допадна филмот на многумина од гледачите. Сите ми честитаа. Пред филмот немав актерско искуство. По филмот, почнав да студирам глума во Тетово, кај актерот Рафет Абази“.

Leh Majevski Kinematograph Regisseur

Лех Мајевски

Полскиот режисер и кинематограф, Лех Мајевски, на годинашниов фестивал „Браќа Манаки“ се преставува со филмот „Млинот и крстот“. Она што досега го видел на фестивалот, многу му се допаднало, вклучувајќи ги и македонските филмови.

„Многу малку знам за македонскиот филм, но сепак проектите што се направени се многу добри, односно фантастични. Го имам гледано филмот „Јас сум од Титов Велес“, и многу ми се допадна, јас гласав за него кога ми беше предложен од Европската филмска академија“, вели Мајевски.

Белма Акалин од Турција доаѓа како новинар и филмски критичар.

„За мене ова е прекрасен фестивал, компактен, бидејќи се‘ е собрано на едно место. Фестивалот има добра програма и е многу добар пример за кинематографска работа. Посебно за мене е важно дека фокусот е ставен на кинематографијата. Филмот за мене не треба само да раскажува приказна, туку се битни и другите кинематографски елементи . Добро да се види дека овој фестивал е фокусиран на тој аспект“.

Мајкл Кришман е кинематограф на рускиот филм „Тивки души“. Тој е воодушевен ид содржините на фестивалот, но и од она што го опкружува.

Michael Krischman Kinematograph

Михаел Кришман

„Ова е многу убаво место, отворено, убаво за прошетка, добри луѓе, а и добри филмови. Многу ми е мило што сум овде. Чест ми е мене и на мојата екипа што нашиот филм е во главната селекција. За македонската кинематографија мислам дека нуди добри филмови и дека е на добар пат да се доближи кон светската кинематографија“.

Публиката на 32-то издание на фестивалот „Манаки“ со нетрпение го очекува Мики Манојловиќ, еден од најеминентните југословенски актери, кој го одбележа времето пред распадот на Југославија, но и потоа. Во негова чест, како добитник на наградата „Златна камера 300“, се прикажува филмот „Беса“.

Автор: Златка Пурковиќ

Редактор: Жана Ацеска