1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонско - грчките преговори продолжуваат во Атина

Медијаторот Метју Нимиц, денеска попладне во грчкиот главен град се среќава со двајцата амбасадори Димитров и Василакис на нова рунда преговори за решавање на македонско - грчкиот спор околу името.

default

Атина

Денеска во Атина продолжуваат македонско - грчките преговори за името. Нивниот исход не е решавачки, но е важен за добрососедската политика меѓу Македонија и Грција. Сигнал за можниот компромис се гледа во протоколот. Ако медијаторот Метју Нимиц утре биде примен од грчкиот премиер Костас Караманлис, тогаш властите во Атина се со проактивна политика кон новиот предлог за решавање на проблемот. Дел од грчките весници денеска пишуваат дека грчките дипломати не успеале да ја добијат поддршката од САД и дека приемот на Јадранската тројка во НАТО е сепозивесен. Но за да се стигне до ратификација од страна на Грција, властите во Скопје ќе треба да покажат флексибилност, за можната референца пред уставното име Република Македонија. Дипломатски извори велат дека, медијаторот Нимиц денеска (19.02.08) попладне на амбасадорите Василакис и Димитров ќе им предочи документ, во кој покрај за ново име, Македонија со додавка Нова или Демократска ќе бидат содржани и мерки за взаемна доверба.