1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Македонско - грчкиот спор пред решение!?

Грција го отфрли предлогот на посредникот на ОН Метју Нимиц за решавање на македонско - грчкиот спор околу името.

Главното седиште на ОН во Њујорк

Главното седиште на ОН во Њујорк

Министерството за надворешни работи на Грција во кусото соопштение не ја изнесува содржината на новиот предлогот на Нимиц но го оценува како неприфатлив.

Претходно македонскиот претседател Бранко Црвенковски во обраќање до јавноста соопшти дека американскиот дипломат Метју Нимиц, во Њујорк предложил нова формула за решение на спорот, но не го наведе новиот предлог на Нимиц. Во саботата претпладне за предлогот разговарше македонскиот државно - владин врв, а за денес е најавена вонредна владина седница во присуство на шефот на државата Црвенковски. Не се исклучува наредните денови да биде свикана и вонредна седница на македонскиот парламент.

Метју Нимиц, со новиот предлог се вели дека ги повика македонската и грчката страна да се подготват за преговори, кои аналитичарите во Њујорк ги толкуваат како можност за решавање на македонско - грчкиот спор.