1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонско-германски бизнис форум

Македонскиот владин тим, предвоен од премиерот Груевски, денеска (23.11) во Минхен ги претстави можностите за инвестирање пред претставници на Сименс и БМВ. Попладнево се одржува и македонско-германски бизнис форум.

default

Минхен

На средбите во „Сименс“ и „БМВ“ е дискутирано за нивните инвестициски планови и презентирани се реформите што се преземаат во Македонија со цел фирмите да почнат процес на подетална анализа. Покрај средбите во овие две фирми, македонскиот владин тим се среќава и со претставниците на неколку компании од автомобилската индустрија, со кои разговорите за инвестирање во Македонија се во напредна фаза.

Можностите и поволностите за инвестирање владиниот тим попладнево ќе ги претстави и на македонско-германскиот бизнис форум во Минхен, пред 60-тина компании од различни области, главно од Баварија. Целни сектори, каде се очекува влез на германски капитал, се инвестиции во производството на автомобилски компоненти, информатичко-комуникациска технологија, земјоделство и преработка на храна, бизнис услуги, фармацевтска индустрија и медицински помагала, енергетика и обновливи извори на енергија, туризам, градежништво и инфраструктура.

Инвестициските можности на Македонија ќе бидат претставени и на Бизнис форум утре, во Диселдорф. За време на престојот во Германија премиерот Груевски се сретна со министерот за европски интеграции на Баварија Емилија Милер, а утре ќе има средби и со директорот на Источноевропскиот комитет за економска соработка Рајнер Линднер.

Германските директни инвестиции заклучно со 2010 година изнесуваат 71.370.000 евра или 2,98 отсто од вкупните странски директни инвестиции во Македонија. Германија е еден од најзначајните трговски партнери на Македонија и во 2010 и од почетокот на оваа година таа е на прво место на листата со кои Македонија остварува најголем обем на трговска размена. Вкупната размена годинава е 1.110.150.000 американски долари, со суфицит на македонска страна.

Автор: ЕМФ/миа

Редактор: С. Недевски