1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонско-бугарски економски проект

Со прекуграничен проект, Македонија и Бугарија ќе им помагаат на малите и средни претпријатија меѓусебно да соработуваат и развиваат бизнис. Проектот ќе се финансира со европски пари, но и од буџетите на општините.

default

Носители на проектот се Центарот за развој на Источно-планскиот регион од Македонија и Бизнис центарот од Сандански, Бугарија. Интересот меѓу фирмите е голем, што се покажа и на првата контакт средба што се одржа во Штип.

Издавање на прекуграничен Бизнис каталог на малите и средни претпријатија во прекуграничниот регион, како и создавање на заедничка веб-платформа за маркетинг и бизнис промовирање, треба да биде крајната цел на проектот што

Mazedonien Land und Leute Textilfabrik in Stip

Се очекува успешна соработка во сферата на текстилната индустрија

заеднички почнаа да го реализираат Источно-планскиот регион и Благоевградскиот регион од Бугарија. За реализирање на проектот 100.000 евра се обезбедени од европските фондови, како и од локалните власти од споменатите региони.

Целта на овој проект е да им се помогне на малите и средни претпијатија кои што и најмногу имаат проблеми со воспоставувањето на меѓусебни контакти и бизнис релации, вели Драгица Здравева, раководител на центарот за развој на Источно-планскиот регион.

„Фирмите се доста заинтересирани и од наша и од бугарска страна. Се работи за микро, мали и средни претпријатија, на кои што најмногу им е потреба помош. Со спроведувањето на активностите предвидени во самиот проект, ќе следува и изработка на еден бизнис каталог, во кој ќе бидат вклучени и проучени голем број на фирми од двата региони.“

Да се канализира досега стихијната соработка

Носител на проектот од Бугарија е Бизнис информациско-консултативното биро од Сандански. „Од овој проект очекуваме размена на искуства и создавање на една солидна и полна со информации мрежа за сите мали и средни претпријатија од двата региона. Тоа ќе биде основа за нивен натамошен контакт и соработка“, вели Живко Иванов, претставник од Бизнис центарот од Сандански:

„Крајниот ефект е да се создаде основа во која бизнис организациите, локалните власти и фирмите можат да соработуваат со помош на таа партнерска мрежа што треба да се формира. Досега оваа соработка беше стихијна“, нагласува Иванов.

Blagoevgrad, Stadt in Bulgarien

Благоевград - има многу заинтересирани фирми за соработка

Бизнисмените од двата региона се доста заинтересирани за соработка. Доказ за тоа беше и големиот број фирми, чии што представници дојдоа во Штип на првата контакт средба. Крум Тренков е од Сандански. Работи во областа на текстилството. Бидејќи и Штип е град на текстилната индустрија, очекува дека проектот ќе резултира со успешна соработка.

„Најдобро е да направиме контакти и да испитаме каков развој има тука и во останатите градови во регионот. Ако има добра бизнис подлога, можеме да направиме и подобра комуникација и подобра бизнис соработка“, изјави Тренков.

И Емил Клинчарски беше меѓу присутните на средбата во Штип, одржана на почетокот на месецов. Тој е сопственик на фирмата ,,Омега Л.Д“:

„Јас сум претставник од областа на технологијата, електрониката. Во тој дел, ако има некои допирни точки, ќе се потрудам да воспоставам врски и остварам поширока комуникација.“

Проектот ,,Прекугранично вмрежување за одржлив развој“ ќе трае една година. До реализирањето на крајните цели предвидени се и бројни активности, како што се серија работилници и семинари, како и уште една средба на претставниците на малите и средни претпријатија од двата региона, но во Сандански, Република Бугарија.

Автор: Весна Крстева

Редактор: Симе Недевски