1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонското малцинство расправа за Енциклопедискиот речник на Албанија

Албанците не се задоволни од свој учебник по историја. Во земјата се води расправа за него, а по грчкото малцинство и Македонците во Албанија со реакции за тоа како се претставени во Албанскиот енциклопедиски речник.

default

Тирана

Извршниот комитет на партијата на Македоците, Македонска алијанса за европска интерграција, во Тирана на вонредна седница, расправа околу Енциклопедискиот речник на Албанија, каде малцинствата биле претставени како дојденци, а не како автохтоно население, кое со векови живее на денешните простори. На тоа, претходно реагираа претставниците на грлкото малцинство кои речникот го сметаат за деградирачки и дискриминаторски.

Лавина барања за повлекување на учебникот

Македонците кои живеат во Албанија остро реагира и околу последните случувања поврзани со Македонската енциклопедија и искажуваaт чудење зошто толку жолчна реакција за она што е напишано за Албанците, кога и албанските историчари го тврдат истото во учебникот по Историја за дванаесетти клас, односно трета година гимназиско образование. Според Васил Стерјовски, претседател на друштвото „Илинден“ и член на претседателството на Македонската партија, по вокација историчар, во албанскиот учебник уште стои дека „Како резултат на миграцијата на планинците, долините и полињата се наполнија со албански жители, додека словенското население дојде до намалување, дел се раселија, дел се асимилираа“. Тој додава дека и енциклопедијата и учебникот се на иста линија- дека Албанците се доселеници, планинци, симнати од планина, дека ги асимилирале и го ибркале словенското насление.

Се реагира и за она што е напишано за Албанците

Кога станува збор за албанскиот учебник по историја, вели Стерјовски, реакциите прво се однесувале на поголемиот простор отстапен за актуелниот премиер Сали Бериша, а во последно време и за она што во него е напишано за Албанците , поради што албанската јавност го смета за антиалбански учебник. Автори на учебникот се Беќир Мета, Мухарем Дежгиу и Џеваир Леши, кои ништо не ги поврзува со македонштината, нагласува Стерјовски .

Според него , врз нив се истурија лавина реакции од албански политичари, историчари, со барање за повлекување на учебникот. Иако тоа го ветил министерот Муќерем Тафај, тоа досега не е направено.

Автор: Вера Тодоровска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска