1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонски стручњаци во Германија има, и ќе ги има уште повеќе

Од првиот бран гастербајтери кои стасаа во Германија, до денес многу работи се сменети. Место нискоквалификувани тука се’ почесто доаѓаат луѓе со дипломи, меѓу кои има и Македонци, иако никој не го знае нивниот број?

„Доселеникот од последнава деценија е значително помлад од тукашното просечно население. По правило е висококвалификуван и на пазарот на трудот се вклопува онаму каде во Германија има тесни грла, а  тоа се МИНТ професиите (математика, информатика, природни науки и техника) и медицината“, го кажува за Дојче веле новиот профил на доселеник др. Михаел Хитер, директор на Институтот на германската економија од Келн.
Податоците велат дека од 1999 до 2009 година  во Германија се доселиле 185.000 лица од МИНТ професиите и 42.000 медицинари. Дека меѓу нив има и Македонци е неспорно. Колкумина, меѓутоа, точно не знае ни др. Видо Гајс, изготвувач на Студијата од Институтот за германската еконономија. Вели,  за Македонија не може да се дадат диференцирани податоци, зашто во Германија има само 67.000 Македонци, бројка,  која и за статистички вреднувања е многу мала.#

Andrej Kralev Assistenzarzt Nürnberg

Клиниката за кардиохирургија прво работно место на Андреј Кралев


Во Амбасадата на Република Македонија на списокот на т.н. „научна дијаспора“ се евидентирани само десеттина лица, зашто оние кои доаѓаат на работа во Германија немаат обврска да се пријават во диполоматските претставништва. А, специјалисти од Македонија во Германија има, а ќе ги има уште повеќе, по 1 август, кога стартува „сината карта“.

Подобро и од замисленото

За ДВ своето искуство во доселувањето во Германија го кажуваат Андреј Кралев кој е на специјализација на Клиниката за кардиохирургија во Нирнберг и Филип Јовески, инженер кој работи во „Корнин кебл систем“ во Берлин. Нивните професионални патишта до Германија се сосема  различни.Кралев запишал  и завршил медицина во Скопје како најдобар студент со просек чиста „десетка“. Јовески, пак, по гимназиското искуство во САД, студирал и дипломирал на Техничкиот Универзитет Берлин.  
Прво работно место на Кралев е ова германското. Уште на почетокот знаел дека сака да специјализира кардиохирургија во Германија. Аплицирал на повеќе клиники и добил позитивни одговори, но најдобри услови понудил Нирнберг.
„Во Македонија човек си замислува колку е подобро во ЕУ и во Германија. Но, кога ќе дојде тука ќе се  увери дека е така и дека е уште подобро од

Filip Joveski Ingenieur in Berlin

Секо треба да се обиде на германската работна берза! Филип Јовески

замисленото“,  кажува Кралев. Затоа и прифатил, зашто добил работа и специјализација, „со сите нишани како нивен граѓанин.“ За една година го научил и германскиот јазик и е задоволен од професионалниот третман што го има во Нирнберг.
Филип Јовески, пак, по дипломирањето на Техничкиот универзитет во Берлин првото работно место го имал во Штутгарт, каде има повеќе места за инженери-почетници. Бил ангажиран во германска и јапонска фирма, а сега е во бизнисот за оптички телекомуникации и се занимава со апликациски инженеринг.
„Германија има потреба од инженерска, техничка работна сила, и повеќе се цени знаењето отколку одкаде некој доаѓа, потеклото“, е искуството на Филип Јовески. Тој е дециден дека секој еден од Македонија кој сонува за работа во Германија треба и да се обиде да ја најде. А, работниот договор и познавањето на германскиот јазик се две нешта кои го олесуваат доселувањето и ги скусуваат бирократските лавиринти!