1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонски стипендисти во Бундестагот

Германските недели во Македонија кулминираат, е оценката на организаторите од Германската амбасада во Скопје. Доделени се и стипендиите за македонските студенти, кои ќе заминат на пракса во Бундестагот во Берлин.

default

Во Македонија престојува парламентарна делегација од Бундестагот и претставници на универзитетот во Берлин. Тие се членови на комисијата за избор на стипендисти, кои ќе имаат можност одблизу да се запознаат со политичиот живот во Германија. Пратеникот од ЦДУ, Хелмут Ламп за Дојче веле објаснува: „Ние вчера одбравме тројца претставници од Македонија кои ќе бидат стипендисти на интернационланата парламентарна стипендија во Берлин од март до јули идната година, шест месеци ќе поминат во Германија и таму ќе биде обезбедено се’, а ќе добиваат и по 450 евра месечно како надомест“.

Станува збор за разработена програма која регрутила стотици стипендисти од секаде во светот. „Досега имало вкупно 25 студенти од Македонија, пред две години токму во мојот кабинет беше една млада дама од Македонија со која јас се’ уште одржувам контакти, всушност ние ги негуваме контактите со студентите и откако ќе заврши нивната пракса, синоќа се сретнав со сите нив“. Хелмут Ламп најавува дека во рамките на Бундестагот ќе се формира комисија надлежна за Југоисточна Европа, која ќе се фокусира на предизвиците во тој регион.

Кулминираат германските недели

Sonja Bohnet Kultur- und Pressereferentin der Deutschen Botschaft in Mazedonien

Соња Боне

Соња Боне од одделот за култура и печат на Германската амбасада во Скопје смета дека можеби почесто треба да се одржуваат германски недели во Македонија. „Досега ние сме навистина среќни од текот на германските недели во Македонија и мислам дека оваа недела е врвот на возбудата. Со денешната германска кујна во ресторанот ’Дивино’, со рециталот на музичарите од дрезденската опера, со проекцијата внатрешен свет во Музејот на град Скопје. Сметам дека можеби секоја година треба да има германски недели во Македонија“, вели Боне.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Александра Трајковска