1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Македонски олимписки врски

Македонскиот олимписки комитет, деновиве во Сочи потпиша договор за спортска соработка со Рускиот олимписки комитет. Ова е чекор од исклучително значење, за развојот на спортот во Македонија, велат во МОК.

default

Генералниот секретар на МОК, Сашо Поповски

Генералниот секретар на МОК, Сашо Поповски, кој деновиве се врати од Сочи за значењето на договорот потпишан со Рускиот олимписки комитет за Дојче Веле истакнува:

„ Она што ние го договараме веке една година, заедно со нашите колеги од Рускиот олимписки комитет е ситуација која што треба да ни помогне да го унапредиме нашиот спорт во една заедничка соработка со Рускиот олимписко комитер, со најдобрите руски тренери, експерти, спортисти и користејки најдобрите руски објекти и инфраструктура. Се надеваме дека многу ќе придонесат да го развиеме нашиот спорт, нешто што многу ни недостасува во овој период. Во Сочи ги договорите ги потпишаа претседателот на МОК д-р Васил Тупурковски и претседателот на Рускиоит олимписки комитет, господинот Александар Жуков, кој инаку е потпретседател на руската влада“.

Logo: Olympische Ringe

Соработка на МОК со САД, Белорусија, Германија

Во последните две години забележителна е интенцијата на Македонскиот олимписки комитет колку што е можно повеќе да му помогне на македонскиот спорт. Направени се контакти со спортски,моќни средини. Поповски зборува за активностите кои веќе се во фаза на реализација.

„Пред две години започнавме со тој договор со американскиот олимписки комитет, борачите беа еден месец во американската олимписка база на американскиот олимписки комитет- Колорадо спрингс и на најдобрите американски борачи, каде заедно се подготвуваа. Потпишавме договор и со Белорускиот олимписки комитет кои на олимписките игри во Пекинг освои 19 рекордни медали. Претходно имавме договори и со Германискиот и Италианскиот олимписки комитет, знаете дека боксерите и другите спортисти ги испраќаме редовно во Италија. Таму ја користат не само инфраструктурата, туку работат и со најдобрите италијански тренери. Германскиот олимписки комитет постојано праќа тренери во Македонија“.

Турција-полигон за млади спортисти

Mazedonien Olympisches Komitee Saso Popovski

Сашо Поповски

Сашо Поповски ја истакнува и Турција како голем спортски поддржувач на Македонија. Во моментов репрезентацијата во борење-слободен стил е во оваа земја на подготовки за светското првенство.

„Со Турскиот олимписки комитет остваривме многу блиски односи и имавме договор на ниво на генерални секретари, кој што во Турција е највисоко ниво. Се договоривме да не само нашите најдобри сениорски спортисти да можат ги користат наведените погодности, туку да можеме тоа да го спуштиме е на јуниорско ниво, значи нашите младински екипи во сите спортови да можат да ги користат сите оние благодети кои сега ги осеќа турскиот младински спорт.“

Недостига поголема соработка

Нешто повеќе од една година има до следните Летни олимписки игри во Лондон. Сашо Поповски укажува на тројството МОК-Агенција за млади и спорт и спортските федерации, од кое зависи успешноста на македонскиот спорт, а кое засега ја нема потребната соработка.

„Ако сакаме да имаме успешен, врвен спорт, а олимпијадите се врв за еден спортист, значи мораме тој златен триаголник: федерација, држава олимписки комитет да го воспоставиме и да функционира. Односите се подобрени и никогаш на биле подобри, но мораме да бидеме реални дека тоа е далеку од она што треба да биде. Оваа моментна состојба не треба да не задоволи, туку треба многу повеќе да работиме и соработката да биде поставена на многу повисоко ниво.

Автор: Златко Калински

Редактор: Симе Недевски