1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонски гејмери на Светско првенство

Сајбер тимот „Ентити “ составен од пет момчиња од Македонија избори пласман за годинашното Светско првенство во компјутерската игра “Кантер страјк“. Како дојдоа до победата и што ги очекува сега на патот до Јужна Кореја?

default

Охриѓанецот Јован Калановски го предводи македонскиот тим на СП во Јужна Кореа

Дружбата со компјутерска игра „Кантер страјк “ и вештината и рутината со која ја играат младите македонски гејмери од сајбер тимот „Ентити “ ги вивна во височините. Играта има се’ поголем број обожувачи меѓу младите, вели Јован Каланоски од Охрид, капитен на тимот :

„Кантер страјк “ веќе десет години е официјален електронски спорт признат во целиот свет. Се одржуваат многу светски и европски натпревари и многу други турнири во Шпанија , Полска во Русија каде што сме биле.“

Counterstrike Spieler 2009

Кантерстрајк е една од најпопуларните компјутерски игри во светот


Тренираме можеби повеќе од сите спортисти

Го прашавме како се подготвуваат и личат ли нивните подготовки како и кај другите спортисти или ?

„Како и сите други спортисти , може и уште и повеќе. На секои четири – пет дена неделно тренираме по четири до пет часа во принцип навечер. Тренираме тимски, се подготвуваме стратегиски, тактички . Тоа е едно надмудрување меѓу нас и противниците и ние треба во секое време да сме подготвени нашиот рефлекс да работи бидејќи ’Кантер страјк’ е рефлексна игра . Многу се вложуваме , многу се трудиме и многу имаме постигнато досега. “

Нивниот поход кон Светското првенство во Јужна Кореја во декември годинава не е е случаен :

„ Минатата година ги освоивме квалификациите и бевме во Америка во Лос Анџелес кадешто го победивме вице – шампионот од пред неколку години Данска и се пласиравме од шестнаесетто до дваесетото место. Тоа е голем успех за репрезентација од една мала земја како нашата во која интернет игрите се слабо развиени. Годинава учествуваме на шест турнири низ Балканот од кои пет ги освивме . Во Белград, Ниш , Крагуевац, на Косово ... Тренираме константно не прекинуваме . Имаме многу фанови кои не следат . Во моментов тие ни даваат мотив да продолжиме да играме. “

Jovan Kalanovski

Калановски се надева на пласман во четвртфиналето или полуфиналето на првенството


Проблем парите – како да се стигне до Јужна Кореја ?!

Пред сајбер тимот „Ентити “ составен од гејмери од Охрид, Струга, Тетово и Скопје како вечен проблем се исправија парите, признава Каланоски:

„ Единствено имаме поддршка од некои странски организации со кои во мигов преговараме , а од наши локални власти и компании се’ уште не сме добиле поддршка . “

Како и во животот – се надмудруваат полицијата и терористите

„Кантер страјк “ е игра во која се надмудруваат како секаде во светот полицијата и терористите . Сурова реалност на денешницата.

„ Како и во Лигата на шампионите во фудбал и во овој компјутерски спорт се почнува од групи и се игра на поени. Се оди во осмина , четврт и полуфинале , па се до финале и ако го надмудриш противникот и имаш повеќе поени , така се станува шампион.“

Патот кон Јужна Кореја „Ентити“ го започнаа од Скопје , каде што зад себе оставија дури шеесет сајбер екипи од Македонија. До декември пред нив се уште многу непроспиени ноќи исполнети со подготвки и надмудрувања. Јован е оптимист :

„ Се надеваме на Светското да поминеме од групната фаза до финалињата .Тоа би било најголем успех за една репрезентација од Балканот. А потоа се надеваме на влез во четврт или полуфинале, најмногу. “

„Кантер страјк “ и останатите „е – игри “ за младите во Македонија не се новост. Децата сонуваат да го достигнат успехот на „Ентити “.

Автор: Милчо Јованоски

Редактор: Симе Недевски