1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Македонски боксер со тренерот на Тајсон во победи

Стружанецот Наси Хани во 20-тата секунда од мечот со нокаут го совлада германскиот боксер Фалко Бесер. Мечот синоќа во германскиот град Билефилд го следеа неколку илјади гледачи од Германија и околните држави.

default

Хани се врати во боксерскиот ринг по двегодишна пауза

Ова е прв меч на Хани по двегодишна пауза, откако во 2010-та година во Германија го совлада Болт Боди. Во својата досегашна професионална боксерска кариера Хани има боксувано на шест мечеви, од кои три со последниот, ги има добиено со нокаут.

30 - годишниот Фалко Бесер од Германија, пак, има боксувано единаесет мечеви, од кои пет победи и тоа две со нокаут, и пет нерешни мечеви, а до вчерашниот меч немаше ниту еден пораз.

Mike Tyson

Тренерот на Мајк Тајсон го обучува стружанецот Наси Хани

Стружанецот Хани веќе две години тренира во боксеркиот камп во Америка каде има тренирано и легендарниот Мајк Тајсон. Тренер на Хани во моментов е тренерот на Тајсон, Кевин Руни. Тој е единствениот боксер од поранешните југословенски простори кој сега е дел од боксерскиот камп на легендарниот Кус Дамато, односно дел од кампот каде тренираше поранешниот светски првак во бокс Мајк Тајсон.

Хани е задоволен не само од условите туку и постигнатото во кампот од каде очекува неговата професионална боксерска кариера да се движи во нагорна линија со забрзано темпо.